Passing through the turbulent club period after goalkeeper Darko Stanic is suspended, players of Metalurg want to stay undefeated after the sixth matches in SEHA GSS League. On Friday in Skopje will face Slovakian Tatran Presov (20,15 "Boris Trajkovski ").
"Blues from Avtokomanda" is the only team unbeaten this season in SEHA GSS and Tatran is a team that knows how to play and has quality, and always been a tricky team to Macedonian teams. Vardar it already felt, and losses in front of home supporters and Metalurg is aware that need to be fully concentrated for this rival.
In the current mutual matches in SEHA GSS League, Metalurg beat Tatran three times and lost only the last season match of the first round after Macedonian team not travel to Slovakia due to bad plane connections.
- Again team will give chance to others to plays, and also will use some of the standard players. Tatran is well known rival, which everyone can win, but to lose also. They beat Vardar. Have a powerful back line with Kristopans, Rabek and Pejovic. They keep the level of play in the team. They have two good wings, Urban and Antl. Play 6-0 defense, and have "height", and are able to approve 5-1 zone. Well we try to keep Kristopans and Rabek. Should not be neglected Pejovic also, who has good communication with line players,, analyzes the opponent, Lino Chervar coach of Metalurg.
Biggest worries for coach Cervar is defensive play. It is now the biggest temptations. The good forms of the EHF Champions League are keen to keep at high pace and continue into November. After this match with Tatran follows a week of "vacation" in which players will have obligations with their national teams.
- We want to improve our defense. After game versus Pick Szeged constantly have a problem with Velko Markoski injure. He has a problem with his hand, and we do not permanently solve this problem. It is our handicap. We try to use Kedzho who plays the No. 3 in defense. Vanco Dimovski has a problem with his shoulder. A few young players like Taleski and Peshevski will play asl , says Lino Cervar .
Besides defense, the team will try to play more inclined to discipline and to make fewer technical errors.
- Tatran a quality opponent who has the same goal as us, place at F4 tournament. And now we go to win, and with a serious approach to the game, we would much easier to play. Maybe the defense is not the level at which we are use to see. This should be strengthened and be more disciplined, said Goce Georgievski right wing.
Минувајќи низ турбулентен период по случувањата со нивниот голман Дарко Станиќ, кој е суспендиран, ракометарите на Металург сакаат да останат непоразени и по шестиот меч во СЕХА лигата, каде во петок во Скопје гостува словачки Татран (20,15 ч. "Борис Трајковски").
"Сините" се единствен тим без пораз сезонава во СЕХА лигата, а Татран е тим кој знае да одигра квалитетно и отсекогаш бил незгодна екипа за македонските тимови. Вардар тоа веќе го почувствува, и загуби пред домашна публика, а Металург е свесен дека треба да бидат целосно сконцентрирани кон ривалот.
Во досегашните меѓусебни натпревари од СЕХА лигата, Металург трипати го победи Татран, а само лани загуби на меч од првото коло и тоа со службен резултат бидејќи скопјани не отпатуваа за Словачка.
-Повторно ќе им дадеме шанса и на другите ракометари да играат, а ќе вклучиме во игра и некои од стандардните играчи. Татран е добро позната екипа, која може секого да победи, но и да загуби. Го победија Вардар. Имаат моќна линија, Кристопанс, Рабек и Пејовиќ, и тие се ударна точка на екипата. Тие го држат нивото на играта во тимот. Имаат две добри крила, Урбан и Антл. Играат плитка зона 6-0 и имаат висина, можат и добро да одобрат 5-1. Добро ќе ни дојде овој меч. Ќе биде искушение за нас, да се задржат Кристопанс и Рабек. Не треба да се запостави и Пејовиќ кој има добра комуникација со пивотот Пијетро, го анализира противникот, Лино Червар.
Она што најмногу го загрижува тренерот е играта во одбрана. Таа засега е на најголеми искушенија. Добрата форма од Лигата на шампионите сакаат да ја задржат и со висок ритам да продолжат во ноември. По овој меч со Татран следува една недела одмор, во која играчите ќе имаат обврски со своите национални репрезентации.
- Ќе сакам да ја подобриме одбраната. Од мечот со Пик Сегед имаме проблем, со повредата на Велко Марковски. Тој има проблем со раката, и не успеавме трајно не го решивме тој проблем. Тоа е наш хендикеп. Се обидуваме со Кеџо кој игра на број 3 во одбрана. После Батиновиќ се обидувам да го користам Марковски и на 5-1 одбрана. Таа повреда ни носи проблеми. Ванчо Димовски има проблем со рамото. Игра под напор и болки долго време. Можеби ќе добијат шанса некои од другите. Уште неколку млади играчи како Талевски и Пешевски ќе играат, смета Лино Червар.
Освен одбраната, екипата ќе се обиде да одигра и подисциплинирано, да се прават помалку технички грешки.
- Татран е квалитетен противник кој има иста цел како нас, пласман на фајнал фор турнирот. И сега одиме на победа, и сериозен пристап на играта, би ни олеснило многу во играта понатаму. Можеби одбраната не е на ниво на која сме навикнати. Тука треба да зацврстиме и да бидеме подисциплинирани. Не сме доволно дисциплинирани и само тоа треба да го подобриме. Ако тоа го подобриме, би стигнале до победа, смета Гоце Георгиевски, крилото на скопјани.