Match in Zagreb on Sunday (17.30) is not only a game between two Top teams of SEHA GSS league, but duel of the two previous winners, the teams that were among the biggest promoters for the creation of this Regional League, Vardar Skopje and Zagreb Croatia Osiguranje. No matter how good relationship is between clubs, on court will be "real war".
Vardar in the first season of SEHA became champion even started Final Four tournament as outsider beating Zagreb CO in the semifinals. Zagreb returned with similar performances this spring when triumphs in Skopje in F4 tournament. Zagreb and Vardar played extra times in final game and Zagreb win 25-24.
Now it's time for the first mutual duel this season.
- Last year we took point in Zagreb, and then celebrate in Skopje during the regular season. Now Zagreb follows a trend of rejuvenation, and I liked it. They had a good left and right backs, as both can play in the strongest leagues in Europe ,experienced center back - Valcic, and good wings. Generally Zagreb have, quite good "set of players" says Nemanja Pribak, Vardar center -back, and last year was part of the team that played in the F4 tournament .
Although it is derby and declared as duel of "Giants " for Vardar, this is normal game like many others, without too much pressure.
- We understand the match like any normal, and we play to win. Have prepared some tactics. We can "take" something from team of Veszprem, as they easily won in Zagreb in the EHF Champions League. But nobody won easily in Zagrebso far, says Pribak
Every team has its good and bad sides. The most important thing is how you use your own potential.
- Our good side is a players rotation. We have 2 good players for each position . Here 's our chance , and lately we quite use this rotations. Zagreb is well in developing fast play. Maybe have stronger backs, that could shoot from 10-12meters. It is a young team that many runs, says Pribak
This play Zagreb now pushing, is not very fit for Vardar.
- We do not fit such a game, but with the rotation of players we can adapt to everything. We also have a chance and we will not give up .
Project on Regional League is getting better , and that all recognized and proven results .
- I find more suited to playing this way, every week a strong game. These powerful matches are a better option than playing against a weaker team, and then the Champions League. We should understand that SEHA GSS league seriously.
Vardar this season sign many reinforcements, and famous players. Is there pressure to you to have to win as many trophies?
- Honestly, the pressure is lower than last year. Now we play to win on each game, but we left room for improvements, and it is good for us . This season we have more room for it, believes Pribak .
If Vardar and Zagreb are favorites, still remain two places for F4?
- I look Vardar as winner, and on the tournament would play also Zagreb, Metalurg and Tatran., In case to be played Final 6 then will be place for Meshkov Brest also, which is a good team , but play badly, said Nemanja Pribak.
Дуелот во Загреб во недела (17,30 ч.) не е само меч меѓу два тима од СЕХА лигата, туку и пресметка на двата досегашни победници на оваа лига, на екипите кои беа меѓу најголемите заговорници за создавање на ваква Регионална лига, Вардар и Загреб. Без оглед на доброто клупско пријателство на терен секој сака да остане непоразен.
Вардар во првата сезона на СЕХА лигата успеа од аутсајдер да стане шампион и тоа во Загреб, победувајќи го хрватскиот тим уште во полуфиналето на Ф4. Загрепчани вратија со иста мерка пролетва, кога во Скопје триумфираа на Ф4 турнирот. Тогаш во финалето, Загреб и Вардар играа продолженија, а победи Загреб со 25-24.
Сега е време за првата меѓусебна проверка.
- Лани како гости земавме бод, во Скопје ги победивме. На Ф4 турнирот во финалето имаше продолженија. Сега Загреб следи еден тренд на подмладување, и тоа ми се допаѓа. Имаа добри лев и десен бек кои според мене можат да играат во најсилните лиги во Европа, среден бек, Валчиќ кој долго е со екипата, искусни и добри крила, и гледано во целина, сосема добар "пакет на играчи", вели Немања Прибак, средниот бек на скопјани, кој и лани беше дел од екипата што играше во финалето на Ф4 турнирот.
И покрај тоа што е тоа дерби и прогласен за меч на "великани", во таборот на скопјани нема преголем притисок.
- Ние мечот го сфаќаме како и секој нормален, па така и сега играме за победа. Се подготвуваме тактички. Можеме и нешто од играта на Веспрем да украдеме, бидејќи лесно победија во Загреб во ЛШ. Но, никој не победил лесно во Загреб, и секој што така помислил не одиграл добро, вели Прибак
Секоја екипа има свои добри и лоши страни. Најважно е како ќе се искористи сопствениот потенцијал, а сопре ривалскиот квалитет.
- Наша добра страна е ротацијата, имаме по 2 добри играчи на секоја позиција. Тука е нашата шанса, и тоа во последно време доста го користиме. Загреб е добро воигран во развивање на полуконтра и брз центар. Имаат посилни бекови, мислам на шутери кои упатуваат шут од 10-12 метри. Тоа е млада екипа, која многу трча, вели Прибак
Таквата игра што Загреб сега ја форсира на Вардар многу и не му одговара.
- Не ни одговара таква игра, но со таа ротација на играчи можеме да се прилагодиме на се. Имаме и ние свои шанси и нема да се откажеме.
Очигледен е напредокот во играта на сите екипи во СЕХА. Проектот на Регионална лига станува се подобар,а тоа го признаваа сите и го докажуваат резултатите.
- Мене повеќе ми одговара ваков начин на играње, секоја недела по еден силен натпревар. И на сите им одговара оваа лига,за подобро подготвување, и за СЕХА и за ЛШ. Овие силни мечеви се подобра опција отколку да се игра против некој послаб тим, па потоа ЛШ. Треба да ја сфатиме таа лига сериозно, мора да живее, бидејќи на овие простори ракометот не е на големо ниво за да играме сами сопствена лига.
Вардар сезонава донесе многу засилувања. Има ли притисок дека мора да се освојат што повеќе трофеи?
- Искрено, притисокот е помал од лани. Во смисла дека нешто мора. Не е тоа приоритет, но треба да освоиме трофеи, тоа е нормално. И сега играме на победа, но ни е оставен простор за воигрување, и тоа е добро за нас. Оваа сезона имаме повеќе простор за тоа, смета Прибак.
Ако Вардар и Загреб се фаворити, остануваат уште две места за Ф4?
- Вардар го гледам како освојувач, а на турнирот би играле според мене и Загреб, Металург и Татран, ако биде Ф4. Ако биде Ф6 тогаш има место и за Мешков, која е добра екипа, но лошо игра.