Despite being
without several standard players ,Vardar was favorite before
the match versus Borac in SEHA GSS league round 9, and home team proved it by winning 28-24
(15-10). For home team game was important to raise the form before the upcoming match against city rival Metalurg in
the EHF Champions League on Thursday, and also to give
bigger chance to those players who usually spend more time on bench.
Left winger Dobrivoje Markovic used his
chance, scoring 10 goals from
14 attempts, including two penalties, goalkeeper Strahinja Milic has also confirmed
good form with 13 saves, 11 in the first half.
Vardar missed chance to end game with
bigger goal deference due to occasional downs in guest team's
performance and goalkeeper Mirza Haseljic’s 15 saves.
Nemanja Bezbradica has in the second half kept Borac
alive scoring six goals in a
row from 46' to 56' minute .
Borac was not a true test for Vardar’s capabilities, and
Macedonian champions played
relaxed knowing the fact that Borac is not a team that they have to fear.
Twice Vardar even had 8 goals advantage ( 22-14, 24-16 ), but
always allowing the opponent to come closer to 4-5 goals.
Jani Cop, Borac's coach:
- Vardar deserved
victory. They used the quality they have in the team. For us
next step is to continue to work and build our game. We
are still at the beginning of process of creating a
good team. It will take some
time. It was obviously difference in quality of
the teams.
Mario Blazevic, Borac's
goalkeeper:
- We have given our maximum in this moment. We’re still creating a new
team. We have a new coach and still need time to
complete the mosaic. Tonight team gave a strong resistance against Vardar. Players fought till
the end and showed character
.
Andon Boškovski, Vardar's coach:
- I am pleased with the defence
eventhough we've received more goals them we should which was due to lack of
concentration. The realization in attack should be improved. Lazarov had stomach problems and therefore played less. We had to save Abutovic for duels with Metalurg , so he just played in defense.
И покрај тоа што одигра без неколку стандардни ракометари, Вардар беше фаворит на дуелот со Борац во 9 коло од СЕХА лигата, и тоа го докажа, победувајќи ги гостите од Бања Лука со 28-24 (15-10). За домаќините поважно беше да се подигне формата пред претстојните дуели со градскиот ривал Металург во ЕХФ лигата на шампионите во четврток, и истовремено да се "разиграат" оние што почесто ја грејат клупата.
Тоа најдобро го искористи Добривоје Марковиќ кој постигна 10 гола од 14 обиди, од што два од пенал, а добрата форма ја потврди и голманот Стахиња Милиќ кој "собра" 14 топки, од што 12 во првото полувреме.
Повремените падови во играта, но и добрите одбрани на гостинскиот голман Мирза Хасељиќ (15 одбрани) беа причината поради која Вардар не победи со поголема разлика.
Немања Безбрадица во второто полувреме го одржуваше Борац во живот постигнувајќи шест гола по ред од 46 до 56 минута.
Борац не беше вистински тест на можностите на Вардар бидејќи скопјани одиграа опуштено знаејќи го фактот што Борац и не е тим што може да им биде ривал од кој што стравуваат.
Двапати Вардар имаше водство од осум гола (22-14 и 24-16), но секогаш "попушташе во играта" дозволувајќи му на противникот да се приближи и да намали на 4-5 гола. И потоа Вардар повторно "додаваше гас".
Водството на почетокот од средбата од 1-0 за Борац беше само моментална слабост на домаќините, кои брзо ја презедоа инцијативата, водството и темпото на играта. Првите три гола го постигна Добривоје Марковиќ, а во истиот период Стахиња Милиќ имаше четири успешни одбрани.
Корпулентниот голман на Вардар не застана на едноцифрена бројка, па до крајот на првиот дел имаше уште осум одбранети топки, "искачувајќи" се на вкупно 12 одбранети топки, овозможувајќи му на сопствениот напад да постигне "брзи голови", од контра и полуконтра.
Изгледаше дека мечот ќе биде лесен тренинг, откако домаќините брзо направија водство од 4-5 гола, што го одржуваа, а во еден момент (26 минута) имаа и седум гола предност (14-7). Малото опуштање во играта, и петте одбрани на гостинскиот голман Мирза Хасељиќ му овозможија на Борац да намали на 14-10 во 29 минута, но брзо повторно се стигна до петте гола предност (15-10)
Изјави по мечот:
Иван Чоп - тренер на Борац
- Заслужена победа на Вардар. Го искористија квалитетот што го имаат во екипата. На нас е да продолжиме да работиме и да ја градиме нашата игра. Се уште сме на почеток со оглед на тоа што се случуваше на почеток од сезоната. Тоа ќе потрае уште извесно време. Се гледаше разликата во квалитетот кај екипите.
Марио Блажевиќ - голман на Борац
- Во моментов дадовме максимум. Управата работи максимално, и се уште се создава екипата. Имаме и нов тренер. Се бараме и се надополнуваме. Екипата му даде силен отпор на фаворизираниот Вардар. Играчите се бореа до крај и покажаа карактер.
Андон Бошковски - тренер на Вардар
Задоволен сум од одбраната иако примивме повеќе голови од што треба. Тоа е поради пад на концентрацијата. Реализацијата треба да се подобриме. Со тек на време тоа ќе се преброди. Лазаров имаше проблеми со стомакот и затоа одигра помалку. Абутовиќ моравме да го штедиме за дуелите со металург, па затоа играше само во одбрана