For both teams, Vardar and
Meshkov, Saturday game in Skopje (17,45 SC Kale) will be crucial. Macedonian
champion needs points to stay in game right behind Tatran and Zagreb CO, and
Belarus team is on the other side desperately fighting to catch place on F4
tournament.
Last season Meshkov and
Vardar have both participated inF4
tournament in Skopje, with Meshkov placed the best after regular season.
Victory will also probably heal wounds from EHF Cup after losing to Füchse
Berlin.
Currently Vardar is on third
place with 22 points from 10 games (two more to play in December), and Meshkov
is on fifth position with 15 points from seven games (three more games to play
in December). Any failure on these three games means step far from F4
tournament for Meshkov.
Vardar is satisfied with
their results so far in SEHA GSS league and EHF Champions League hoping to end
year with two victories, one against Meshkov and versus Metalurg on December
17. On Saturday game Slovenian Miladin Kozlina will debut for Vardar as a left
back but it is still unknown whether Kozlina will be able to play full match.
- Our next opponent is one of
the best teams in the league, with similar quality like Zagreb, Tatran,
Metalurg or Vardar. They have very good coach, also a roster with international
players, they never give up, and as I said, they are very close to our quality.
But we are well prepared, we are almost complete, and we will play against them
with our best players at the moment, said Andon
Boskovski, Vardar coach.
After Vardar's excellent 45
minutes versus Barcelona last week in EHF Champions League, everyone in the
club is confident that players will last week's performance.
- The game against Brest will
be very tough. They have good coach, also a team that has quality to compete
for SEHA GSS Final four , but if our performance will be similar like against
Barcelona, strong in the defence, I believe that we will win this game, said Alex Dujshebaev.
Main goal for Meshkov on the
other side is reaching F4. But to stay on the right course, team needs to win
in Skopje, and to stay close to top of the table. If they leave Skopje without
points, then Meshkov will be much beyond their wishes.
- I always have special
feelings here, because of atmosphere. We are in position where we are, for us
each game is important. From the other side, it is always hard to play against
Vardar, but we will do everything that we can for a win. We will try to use
their weaknesses, but also, we have to be on the highest level to achieve good
result, said Zeljko Babic, coach of
Meshkov Brest.
In Skopje, two brothers will
face each other. Ivan Karacic plays for Meshkov and his brother Igor is member
of Vardar. Older, Ivan expects to see full hall in Skopje, to feel good
atmosphere.
- We didn’t have so much time to prepare for
Vardar, because we played EHF game against Fuchse Berlin, so, we had only two
days before this game. But, our teams have similar quality; we will give our
best to achieve a good result. I know that audience here is fantastic so I
expect a spectacular game, said Ivan
Karacic.
За двата тима, Вардар и Мешков, мечот в сабота во Скопје (17,45 СРЦ Кале) ќе биде клучно. На македонскиот првак му требаат бодови за да остане во врвот од табелата, веднаш зад Татран и Загреб, а Белорускиот тим очајно се бори да фати приклучок за место што води на Ф4 турнирот.
Лани Мешков и Вардар играа на Ф4 турнирот во Скопје, и иако тргна како лидер, Мешков не успеа да се пласира во финалето. Сезонава гостите од Брест имаа потежок распоред, поради настапот во ЕХФ купот, и нема место за поправен. Само победа ќе ги залечи раните од елиминацијата во ЕХФ купот.
Моментно Вардар е трет на табелата во СЕХА лигата со 22 бода од 10 меча (има уште два за играње во декември), а Мешков е петти со 15 бода од седум меча (има уште три меча за играње во декември). Секој кикс на некои од овие натпревари ќе значи чекор поназад од Ф4 турнирот за Мешков.
Вардар е задоволен од досегашните резултати во СЕХА лигата и во ЕХФ купот, надевајќи се дека годината ќе ја завршат со уште две победи, една против Мешков, а другата против Металург на 17 декември.
Во сабота Словенецот Миладин Козлина ќе дебитира за Вардар на позицијата лев бек. Тој потпиша договор со клубот минатиот месец но продолжи со рехабилитација поради операцијата на неговото рамо. Неизвесно е колку Козлина ќе може да игра, но тренерот Андон Бошковски потврди дека ќе му даде шанса најмалку неколку минути на мечот.
- Нашиот следен противник е еден од најдобрите во лигата, со слични квалитети како и Загреб, Татран и Металург. Имаат добар тренер, и состав од доста интернационалци, никогаш не се предаваат, и како што кажав се многу блиску до нашиот квалитет. Но, ние сме одлично подготвени, речиси во комплетен состав и ќе играме против нив со нашиот најдобар состав во моментов, вели Андон Бошковски, тренерот на Вардар.
Откако Вардар одигра одлични 45 минути против Барселона минатата недела во ЕХФ Лигата на шампионите, сите во клубот се уверени дека играчите ќе ги повторат истите игри.
- Овој меч против Мешков ќе биде многу тежок. Имаат добар тренер, и тим кој има квалитет да игра на Ф4 турнирот во СЕХА лигата, но ако нашите игри се исти како против Барселона, силно во одбрана, верувам дека ќе победиме, велиАлекс Душебаев, дешсниот бек на Вардар.
Мешков ја почна неговата тура во Белград каде го победи Партизан, и во Скопје доаѓа со амбиции за одмазда. На првиот меѓусебен дуел со Белорусија, Вардар победи со 27-23. Натпреварот во Скопје ќе биде најтешкиот за Мешков на оваа турнеја, откако екипата беше елиминирана од ЕХФ купот, и сега тимот од Брест ќе се фокусира само на СЕХА ГСС лигата и домашното првенство.
Првата цел е да се стигне до Ф4 во СЕХА ГСС лигата. Но, за да се остане на вистинскиот пат, екипата мора да победи во Скопје и да остане блиску до врвот од табелата. Ако заминат од Скопје без бодови, тогаш Мешков ќе заостанува во однос на нивните желби.
- Отсекогаш сум имал добро претчувство тука, поради атмосферата. Ние сме во позиција во која сме, и секој меч сега е важен за нас. Од друга страна, секогаш е тешко да се игра против Вардар, но ќе сториме се што можеме за да победиме. Ќе се обидеме да ги искористиме нивните недостатоци, и мораме да одиграме на високо ниво за добар резултат, вели Жељко Бабиќ, тренерот на Мешков.
Во Скопје, двајца браќа ќе играат еден против друг. Иван Карачиќ игра во Мешков, а неговиот брат Игор е член на Вардар. Постариот, Иван очекува да види полна сала, да ја почувствува таа атмосфера.
- Немавме многу време да се подготвиме за Вардар, бидејќи игравме во ЕХФ купот против Берлин, па имавме само два дена за овој натпревар. Нашите тимови имаа слични квалитети, ќе дадеме се од себе да постигнеме добар резултат. Знам дека нема да биде лесно, но ќе биде тешко и за нив. Ја знам и публиката, тука е фантастично, бидејќи ги следам сите натпревари на Вардар, зашто тука игра мојот брат. Очекувам интересен меч пред полна сала, вели Иван Карачиќ.