Macedonian vice champion Metalurg made a big step closer to Final
Four tournament in SEHA GSS league after beating city rival Vardar 22-21 (10-8)
in last game this year. With these three points Metalurg stay on fourth place
with 22 points, three more than Meshkov Brest.
Big victory stayed in shadow of Naumce Mojsovski's knee injury in
51 minutes. Metalurg back player fell down and one Vardar player fell on
him. With big pain Mojsovski was carried out of play on teammates arms and
later taken to hospital on examination. First impressions is lateral ligaments
injure.
Hero of the game was goalkeeper Darko Stanic with 13 saves ( three
penalties ) including the last shot of Nemanja Pribak in last second of the
game.
Metalurg made dramatic finish although they had four goals lead
(20-16) in 53 minute. Vardar came to 22-21 and have 25 seconds for guest
attack. Due to Metalurg's passive attack, Vardar had chance to score in last
seconds. Pavel Atman even got a red card for intercepting home-team's fast
break.
Vardar has had a new coach for this game, Goran Simic. Club
management decided to fire Andon Boskovski after last training. So far there
are no official reasons for this decision.
Goran Simic,Vardar's
coach:
- This was a tough match from two great clubs in Macedonia.
Metalurg deserved this win. We're sorry for Mojsovski injury. I want to thank
my players who almost came to a point. We will try to improve the game and be
at the level where we were before.
Stojance Stoilov, Vardar's player:
- Game with many tensions like all others before. I'm sorry for
Mojsovski, I do not know what it is, but I hope it is not something serious .
Lino Cervar,
Metalurg's coach:
- In nine days we had to play three hard games in SEHA GSS league,
twice with Zagreb and once with Vardar. This was really hard for us but we
deserved to celebrate at the end. We're really sad about what happened to
Naumce Mojsovski. I'm optimist, but still afraid for his health situation.
We'll have more information during the night or tomorrow. His reactions, with
pain on his face showed everything. I'm very sad and disappointed.
Filip Mirkulovski, Metalurg's player:
- We've played good game against our great rival. Our target was
to finish the year with victory, and we've managed to do it. The game will not
remain in our good memories, due to Mojsovski's injury. We're both national
team players and I hope for him to get weel soon, maybe even for the upcoming
EC in January.
Металург си ги зголеми шансите за пласман на
фајналфорт турнирот во СЕХА лигата откако како гостин во салата "Борис
Трајковски" го победи Вардар со 21-22 (8-10) и се зацврсти на четвртото место
на табелата, бегајќи му четири бода на Мешков кој има и меч помалку од
скопјани.
Колку што се радуваше Металург на триумфот,
толку беше загрижен и селекторот на машката сениорска репрезентација Ивица
Обрван. Не колку за лошата форма на некои репрезентативци, колку за повредата
на Наумче Мојсовски во 51 минута.
Во напад бекот на Металург беше оттурнат од
противничките играчи и при падот удри на подот со десното колено и врз него
налета друг играч и остана да лежи со силни болки. Не помогна "првата помош" на
теренот, па откако беше изнесен на раце од соиграчите и укажана неколку минутна
помош, замина во болница на дополнителни прегледи.
Јунак на мечот беше голманот на Металург,
Дарко Станиќ кој имаше 13 одбранети топки и три пенали, вклучувајќи го и
решавачкиот удар на Немања Прибак во последната секунда од средбата.
Металург можеше за малку да направи од
"готово - вересија) бидејќи во 53 минута имаше водство од 16-20, а во
последната минута Вардар намали на 21-22. Остануваа 25 секунди за играње, но
сините од Автокоманда немаа идеја и им беше одземена топката за пасивна игра.
Атман спречи брза контра, за што доби црвен картон, а "црвено-црните" имаа
четири секунди за напад, а ударот на Прибак го одбрани Станиќ.
Одбраните на Дарко Станиќ (8 плус 2 пенал)
беа причината поради која гостите од Автокоманда има предност од два гола на
полувреме. Играњето "гола за гол" беше одлика на поголемиот дел од првото
полувреме. Во 25 минута Металург првпат имаше водство од два гола (8-6), но
Вардар успеа да се врати и да израмни на 8-8. Наместо да го искористи играњето
со играч плус по исклучувањето на Велко Марковски, домаќините немаа идеја како
во нападот да ја пробијат противничката одбрана, а Миркуловски и Георгиевски ги
искористија укажаните шанси за водство од 8-10.
Според најавите за промена на тренерската
позиција, Андон Бошковски повеќе не ја води екипата, а на денешниот меч совети
делеше Горан Симиќ досегашниот помошник и тренер на голманите во Вардар.
Лино Червар - тренер на Металург
Во девет дена одигравме три најсилни меча во
СЕХА, две со Загреб и една со Вардар. Тоа е голем напор за нас, и ние заслужено
победивме. Тажни сме за она што се случи. Оптимист сум, но се плашам за
ситуацијата со Мојсовски. Тоа ќе се знае вечерва или утре. Но, неговата
реакција многу кажува. Многу сум тажен и разочаран.
Филип Миркуловски - играч на Металург
Одигравме еден добар меч, со најголемиот
ривал. Сакавме да завршиме со победа, тоа и го направивме. Овој меч нема да
остане по добро сеќавање, не само по повредата на Мојсовски. На терен беше
коректно. Ние сме репрезентативци, ни следи ЕП, па бараме малку коректност.
Горан Симиќ - тренер на Вардар
Ова е тежок меч кога се работи за два клуба
во Македонија, туку пошироко. Победи Металург сосема заслужено. Жалам за
повредата на Мојсовски. Сакам да им заблагодарам на моите играчи кои за малку
не дојдоа до бод. Ќе се обидеме да ја подобриме играта и да бидеме на она ниво
на кое и досега бевме.
Стојанче Стоилов - играч на Вардар
Многу тензија и борбеност, како и на секој
досегашен натпревар. Жалам за Мојсовски, незнам за што се работи, но се надевам
дека не е нешто сериозно.