The most successful team in this season'sEHF Champions League, Hungarian champion MKB Veszprem, got two handball lessons in 24 hours in Skopje, from Vardar and Metalurg, as Macedonian teams won twice in friendly matches. Both teams from Skopje are in SEHA GSS league's TOP4 and are showing high quality in regional league with strong and uncertain matches every week.
In the first match Vardar celebrated with 30-28, although they were playing without four key players (Alexey Rastvortsev, Alex Dujshebaev, Filip Lazarov and Igor Karacic), but with new coach Raul Gonzalez. Next day in Avtokomanda, Metalurg has showed another excellent performance, winning the game with 25-23. Metalurg's coach Lino Cervar could not count on Naumce Mojsovski and Pavel Atman (both unjured) so Luka Cindric, new Metalurg's playmaker, had his debut.
Guest from Hungary played two games without Momir Ilic, who got injure the day before the first match with Vardar.
An additional problem for Metalurg was Vugrinec's absence for the last 20 minutes of the match due to a red card he got for insulting referees.
Metalurg has showed excellent handball despite numerous injuries in the team. Home team was better in the first half constantly keeping the score of 2-3 goals difference. Macedonian vice-champion began the second half superbly with 5-1 series which led them to 18:13 lead in 37.minute.
Veszprem did not surrender, had a lead in 52nd minute but a few great saves from Darko Stanic and goals from Kedzo and Dimovski have brought Metalurg to a great win.
Although Renato Vugrinec played just for 40 minutes, he was the best scorer of the game with six goals, and Filip Mirkulovski scored five goals. Goalkeeper Darko Stanic had 15 saves. For the guest team, lineplayer Renato Sulic scored four goals and goalkeeper Mirko Alilovic had seven saves.
Spaniard Raul Gonzalez Gutierrez had a successful debut on Vardar's bench as a coach, after "red-black" beat MKB Veszprem 30-28. The first half was played mostly in equal, and in 25 minutes Vardar lead 13-10. Guests fought back and Nemanja Pribak scored in the last second for 15-14.
Vardar has in the second half with a 6-1 series managed to enlarge the goal gap and keep it like that until the end.
Timur Dibirov and Matjaz Brumen have scored more than half Vardar's goals. Dibirov scored 8, Brumen 6. In lines of Hungarian champion, Laszlo Nagy and Iranian Iman Jamali, both scored 6 goals.
Најуспешниот тим сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите, унгарскиот првак МКБ Весзпрем за 24 часа доби две ракометни лекции во Скопје од екипите на Вардар и на Металург, кои двапати победија во пријателски натпревари. Двете македонски екипи кои се во ТОП-4 на табелата во СЕХА ГСС лигата го покажаа својот квалитет, и нивото на ракомет што се игра во Регионалната лига, каде секој викенд се играат силни, неизвесни и тешки натпревари.
Прво Вардар, со нов тренер, Шпанецот Раулк Родригез и без неколку повредени ракометари (Алексеј Растворцев, Алекс Душебаев, Филип Лазаров и Игор Карачиќ) пред домашна публика во СРЦ Кале славеше со резултат 30-28, а потоа и во Автокоманда унгарскиот првак мораше да капитулира, овојпат пред Металург кој триумфираше со 25-23 иако ги немаше во составот Наумче Мојсовски и Павел Атман.
Веспрем играше на двете средби без Момир Илиќ, кој се повреди на ден пред првиот меч со Вардар. Дополнителен проблем за Металур беше што последните 20 минути од мечот ги одигра и без Ренато Вугринец кој доби исклучување, а потоа и црвен картон поради приговор кон судиите.
Металург демонстираше одличен ракомет, и покрај бројните повреди во тимот, презентирајќи го пред македонската јавност и најновото свое засилување Лука Циндриќ. Металург беше подобар во првиот дел постојано одржувајќи водство од два до три гола разлика за да на крајот на одмор се замине со 13-12. Македонскиот вицепрвак извонредно го почна второто полувреме и со серија од 5-1 до 37. минута стигна до водство од 18-13.
Веспрем не се предаде, максимално ги искористи исклучувањата на противникот
И во 52 минута водеше со 20-21.
Сето тоа за македонскиот вицешампион како да значеше дополнителен мотив, па во 56.минута со голот на Кеџо повторно дојде до предност од 23-22, откако Станиќ потоа одбрани напад на Веспрем, на три минути до крајот Ванчо Димовски донесе и водство од 24-22. Циндриќ со својот четврти гол на 30 секунди пред крајот заокружи на 25-23. Најефикасен кај Металург беше Вугринец со шест гола, а Муркуловски запиша пет погодоци. Одличен на голот на македонскиот тим беше Дарко Станиќ со 15 одбрани.
Кај Веспрем, Ренато Сулиќ постигна четири гола, а Мирко Алиловиќ имаше 7 одбрани.
Шпанецот Раул Гонзалез Гутиерез имаше успешно деби на клупата на Вардар, кој го совлада Веспрем со 30-28. Мотивацијата кај вардарци надвладеа против единствениот тим во ЛШ сезонава со максимални седум победи, иако играа без повредените стандардни првотимци Алексеј Растворцев, Алекс Душебаев, Филип Лазаров и Игор Карачиќ.
Во првото полувреме резултатот осум пати беше израмнуван пред "црвено-црните" да се одвојат на 13-10 во 25. минута. Гостите вратија со три гола во низа, а Немања Прибак на две секунди пред паузата му донесе минимална предност на својот тим од 15-14 по првите 30 минути.
Првата половина од вториот дел му припадна на Веспрем, кој поведе со 22-19, но вардарци со серија од 6-1 го свртеа резултатот во своја полза, поведувајќи со 25-23 и таа предност ја чуваа до крајот на мечот.
Крилата Тимур Дибиров и Матјаж Брумен постигнаа повеќе од половина од головите на Вардар. Русинот имаше десет погодоци, од кои осум во првото полувреме, а Словенецот шест пати ја затресе противничката мрежа. Одлично во нападот се снајде и специјалистот за одбрана Илија Абутовиќ, кој четири пати се запиша во листата на стрелците.
Кај првакот на Унгарија, чиј најдобар стрелец во ЛШ, Момир Илиќ, не играше поради повреда на вчерашниот тренинг, се издвоија Ласло Наѓ и Иранецот Иман Џамали, и двајцата постигнаа по 6 гола.