Metalurg had
absolutely no problem, and has
easily beaten Borac Banja Luka with 36-18 (16-6) in SEHA GSS league's round 13. Team from Banja Luka
came to Skopje in a bad physical condition with only 13 players from which 3
were goalkeepers and with salary problems above their heads. Macedonian vice-champion played without four of their standard players: Pavel Atman, Aco Jonoski, Darko Stanic, Vanco Dimovski and injured Naumce
Mojsovski .
This was the highest win for Metalurg in SEHA GSS league
this season and fourth highest in this season’s league. Record holder is still
Tatran Presov with 46-19 win over Partizan in Slovakia.
Coach Cervar gave
chance to players who usually stay on bench, like Zlatko Mojsoski, Zarko Pesevski, Nikola
Kedzo, Igor Mandic and Nikola Mitrevski. New playmaker Luka Cindric had his chance to playing for more than 40 minutes and
scoring 4 goals. Goalkeeper Nikola Mitrevski grabbed chance he was given great with 9 saves in
the first half.
Borac's players simply have not had
enough strenght to respond to home team's tempo. Metalurg's win was obvious
from the very first minute.
Igor Mandic was the best
in Metalurg's lines with 8 goals and 100% shooting ratio. On the other side
Milos Njezic scored 5 goals from 6 attempts.
Jani Cop, Borac’s coach
- I hope our situation will get better and that we'll soon be able to play on
a higher level. I hope that we won't have to play many more matches like this.
Dejan Sesic, Borac’s player
- Opponent has today used
all our mistakes. This match was our first contact with a ball after more than
a month. I think that, having mind on our current situation, we haven't played
so bad today at all.
Lino Cervar, Metalurg’s coach
- We've played correctly
and I am pleased with that. It's now time to start thinking about match in
Paris and the other hard matches we'll have to play in February.
Luka Cindric, Metalurg’s playmaker
- This game has shown our potential but
surely wasn’t the one to show our real strength. It’s time to start thinking
about important matches ahead of us.
Металург немаше ама баш никакви проблеми и победи со 36-18 (16-6) на дуелот од 13 коло во СЕХА лигата. Физички неподготвениот тим на Борац Бања Лука во Скопје допатува со 13 ракометари (од што три голмани) и без ниту еден тренинг бидејќи штрајкуваат поради неисплатени плати. Скопјани настапија без тројца стандардни играчи: Павел Атман, Аце Јоноски, Дарко Станиќ, Ванчо Димовски и без повредениот Наумче Мојсовски.
Ова е највисока победа за Металург сезонава во СЕХА лигата и четврта највисока победа воопшто сезонава по 12 одиграни кола. Рекордот го има Татран Прешов кој дома го декласираше Партизан со 46-19.
Тренерот Лино Червар веднаш им даде шанса на оние што почесто ја грејат клупата, како Златко Мојсовски, Никола Кеџо, Игор Мандиќ и Никола Митревски. Сите добија шанса да
Новиот плејмејкер Лука Циндриќ имаше максимална минутажа, зашто мора подобро да се запознае со екипата. Голманот Митревски веднаш ја искористи шансата, и во првото полувреме одбрани девет топки.
Доминацијата на домаќините се гледа и по фактот што Лино Червар не побара тајм аут, а неговиот колега Јани Чоп двапати им даваше совети на своите играчи, но не можеше да ги спаси од високиот пораз.
Играчите на Борац немаа сила да одговорат на темпото што го наметнаа домаќините, па токму тоа беше главната причина за нерамноправноста и неможноста да се даде силен отпор. Неизвесно беше само со колкава разлика ќе заврши натпреварот, зашто повеќе од очигледно беше дека Металург ќе победи, и тоа убедливо.
Неизвесноста траеше само додека гостите можеа физички да се "носат" со домашните играчи. А тоа беше само 15-тина минути. Тогаш последен пат гостите успеаја да го израмнат резултатот на 4-4. Потоа следуваше серија на Металург од 10-1 со која не само што резултатски се одлепија, туку и веќе го наттрчаа ривалот кој неможеше да го следи наметнатиот ритам. Во последната минута од првото полувреме Никола Кеџо првпат донесе двоцифрена предност за македонскиот тим, 16-6.
Она што не им успеа да ракометарите на Металург е да ја минат границата од 20 гола разлика. Секогаш беа на границата од 17 до 19 гола, но гостите не дозволија да заминат со повисока пораз. Игор Мандиќ ја одигра најдобрата партија откако е во Металург постигнувајќи 8 гола од исто толку обиди. Кај гостите најпрецизен беше крилото Милош Њезиќ со 5 гола од 6 обиди.
Јани Чоп - тренер на Борац
- Неможевме да дојдеме во состав што може да даде силен потпор. Се надевам кај нас ќе се среди ситуацијата во клубот и во следниот период да бидеме посериозни и конкретна екипа, која би можела и на вакви гостувања да смета на нешто повеќе од она што сега се случи.
Дејан Шешиќ - играч на Борац
Противникот ги казнуваше сите наши грешки. Ова беше наш прв контакт со топка по повеќе до 1,5 месец. Мислам дека пруживме силен отпор и игравме добро, колку што можевме.
Лино Червар - тренер на Металург
Сакам да кажам дека коректно одигравме. Бевме во осетна предност, и одиме натаму, размислуваме за она што не очекува. Се спремаме за Париз, знаеме каде одиме и со кого играме. Задоволен од желбата и ги чекаме следните мечеви, во февруари имаме доста мечеви, а потоа имаме борба во домашното првенство.
Лука Циндриќ - играч на Металург
Не ја покажува вистинската мерка на Борец. Размислуваме за Париз, ќе се обидеме да дадеме се од себе.