After series of three consecutive defeats,
Metalurg finally won, 29-27, although Vojvodina was a great opponent until the
end of the game. Guests from Serbia have had a chance to return from Skopje
with three points for a second time but their lack of concentration and a few
important misses were in the end decisive.
Even without Renato Vugrinec and Pavel Atman
the Macedonian team managed to win and keep minimal chances for Final Four in
Novi Sad alive. Win over Meshkov on Sunday would be a great step forward for
the beginning. By the end of the regular part of the season, Metalurg will also
play against Tatran in Slovakia but will also have to wait for results from
both Meshkov and Vardar until the end.
Lino
Cervar, Metalurg's coach:
- This win was important and we needed to
restore the winning spirit in the team. For a long time we were on road, traveling and playing, and players
felt tired, even missing training. We must think of Kolding, our next rival in EHF’s Champions
League.
Vuko Borozan, Metalurg's player:
- It is a great pleasure to play in front of
such a great crowd today here in Skopje. It was a hard game but I'm in the end
happy we've managed to win and I expect we'll manage to keep the winning rhytm
alive.
Djordje
Cirkovic, Vojvodina's coach:
-We've managed to make a good series with three
wins in a row but players were getting tired and we've lost. Simple as that.
Danimir
Curkovic, Vojvodina's player:
- I think tonight we've played a good game but
lack of concentration has taken points away from us. We've missed goalkeeper
saves which was decisive today. With a few saves in last moments of the match
maybe the outcome would have been different.
По серијата од три порази по ред, Металург
конечно победи, 29-27, иако Војводина беше достоен противник до самиот крај на
натпреварот. Гостите од Србија имаа шанса по вторпат од Скопје да се вратат со
три бода, но во завршницата од натпреварот немаа сили и концентрација да ги
реализираат шансите, а Металург знаеше во таква завршница да излезе како
победник.
Металург ја прекина серијата од три порази по
ред. Иако без помошта на Вугринец и Атман, македонскиот тим успеа да победи, и
со новите бодови да ги задржа минималните шанси за пласман на Ф4 турнирот во
Нови Сад, за што неопходен ќе му биде најпрвин триумф над Брест Мешков в
недела, а потоа и поклопување на резултатите во последните неколку кола.
Гостите од Нови Сад во текот на целиот
натпревар имаа активен резултат, и не се предаваа, заканувајќи се дека можат да
направат нови изненадување.
Во клучните моменти
Златко Мојсоски погоди од крило, а веднаш потоа Никола Митревски веднаш по
влегувањето во игра имаше клучна интервенција. Кеџо не реализираше обид, веднаш
потоа Војводина намали на 28-27, но Лука Циндриќ постигна погодок кога беше
најпотребно, решавајќи го прашањето на победникот на овој натпревар.
До крајот на регуларниот дел од сезоната,
Металург има два тешки натпревари, прво со Мешков во Скопје, а потоа гостува во
Словачка кај Татран. Потребни се две победи, но и чекање на резултатите на
другите ривали, Вардар и Мешков.
Лино
Червар - тренер на Металург
"Оваа победа ни беше важна и потребна за
враќање на победничкиот дух во екипата. Долго време бевме на пат, кај играчите
се чувствува замор, а ни недостасуваат И тренинзи, затоа што е тоа е нашата
база. Мораме да мислиме на Колдинг со кого наскоро се среќаваме во Лигата на
шампионите
Вуко
Борозан - играч на Металург
Задоволство ми беше што можев денеска да играм
пред скопската публика. Одгравме тежок натпревар, задоволен сум што успеавме да
победиме и очекувам да продолжиме во ист ритам".
Ѓорѓе
Чирковиќ - тренер на Војводина
Ќе бидам краток. Веќе два месеци сум во клубот
и ова ни беше прв пат да врземе серија од три победи, игравме со силни
противници и почна да не стигнува уморот.
Данимир
Чурковиќ - играч на Војводина
Веќе десетина дена сме на пат и уморот почна да
не стигнува. Но, мислам дека вечерва одигравме добар натпревар и малку ни
недостигаше да освоиме бод. Мислам дека во клучните моменти недостигаа
голмански одбрани. Да имавме барем две одбрани во тие моменти од голманите,
мислам дека ќе освоевме бод.