The game on Sunday (Boris Trajkovski hall, 17:45 CET) will probably be the 'to be or not to be' one for Metalurg and Meshkov and their chances to qualify for Final Four. The losing team will probably have only theoretical chance for playing in Novi Sad in the middle of April.
Metalurg is currently fifth on the table with two points less than Meshkov Brest and three less than their city rival Vardar. The team from Avtokomanda will on Sunday fight their direct competitor for the final tournament and winning is only option.
Croatian coach in Metalurg believes his team might be placed among top four teams of the competition after clashes against Meshkov and Tatran. Injured players are still a problem for Metalurg. Atman and Vugrinec will not be able to play on Sunday.
Meshkov also expects two tough matches against Metalurg and NEXE. Their last match of the regular season will be the one against Partizan.
Lino Cervar, Metalurg's coach:
- I am not thinking much about people saying that decision for this year's Final Four has already been made and that we will not make it. I believe in my players and I believe they've shown that they also have right to hope with what they've showed this season. Meshkov is a strong team with many quality players, reinforced with some Minsk' players, playing strong defense but I believe that we'll make it on Sunday. We have to play on the highest possible level to succeed.
Luka Cindric, Metalurg's player:
Brest is a great team which is coming to Skopje to win. Our defeat in Brest is motivating us additionaly to beat them at home, in Skopje. We work and train hard to catch this win which would mean us so much and would bring us a step closer to Novi Sad.
За екипите на Металург и на Мешков, натпреварот во недела (17,45 Борис Трајковски сала) веројатно ќе биде "да се биде или не" околу можностите за пласман на фајналфор турнирот во СЕХА лигата. Екипата што ќе загуби веројатно ќе има само теоретски шанси да се пласира на турнирот во Нови Сад во април.
Металург се наоѓа на петтата позиција на табелата на две кола до крајот на СЕХА-лигата, со два бода помалку од Мешков Брест и три помалку од Вардар, но Лино Червар вели дека не се откажува од пласманот во фајнлфор. В недела тимот од Автокоманда игра против директниот конкурент, белорускиот Брест и само победа е опција ако не сака уште сега да се прости со шансите.
Хрватскиот тренер на Металург смета дека неговата екипа може да се пласира меѓу првите четири на табелата во последните две кола, по дуелите со Мешков и со Татран. Червар потврди дека Металург повторно нема да биде комплетен. Павел Атман и натаму се рехабилитира, сѐ уште не тренира без топка, а веројатно нема да игра ниту Ренато Вугринец поради проблеми со здравјето.
Мешков го очекуваат два тешки натпревари, против Металург и Нексе, а во последното коло игра дома со Партизан.
Лино Червар - тренер на Металург
"Многу ми зборуваат дека не треба да се нервираме, дека веќе се знае кој ќе оди во ф4, а тоа биле оние 4 екипи пред нас, дека тоа се знаело однапред. Дури и моите играчи го зборуваат тоа, но јас не сакам и нема да верувам во тоа, затоа што немам приична за тоа, тоа би било смешно. Играме со Мешков, тоа е една легија на странци, има 12 играчи од странство. Таму се тренерот и помошникот од Загреб, потоа Шпилер, Вукиќ, Маркотиќ, сите поранешни играчи на Загреб. Тоа е силна екипа, ќе имаме тежок меч со нив, сега дури се засилија и со неколку играчи на Минск, така што не очекува силен натпревар. Брест игра цврста одбрана и ќе биде силен предизвик за една добра игра. Но и тој ќе биде една подготовка за осминафиналето со Колдинг"
Лука Циндриќ - играч на Металург
Брест е одлична екипа која сигурно ќе сака да победи во Скопје. Нашиот пораз таму ни дава мотив повеќе да дојдеме до победа во Скопје. Таа би ни дала самодоверба за следните натрпевари. Напорно работиме, тренираме, иако не сме сите ќе се обидеме да дадеме сѐ од себе за да дојдеме до победа која многу би ни значела", истакна 21-годишниот Хрват.