Вардар останува единствен тим што му зема бодови на Веспрем
08.03.2016.
•
SEHA GAZPROM LEAGUE
Vardar are the
only team this season in SEHA Gazprom league that has managed to
grab points against MVM Veszprem and they have managed to do it in both of
their clashes!
Their duel
has once again ended with draw, this time 30:30, and it is clear that
these two teams will not meet in semis of SEHA Gazprom League F4 in Varaždin.
This was the
last home match of the season for Vardar in
SEHA Gazprom league, so what remains is just another game
against Meshkov Brest which of course cannot change anything in terms
of semi-final pairs for F4 tournament.
Although the match
between Vardar and MVM Veszprém had no pressure it was visible that
both teams were in the mood and eager to win. Uncertainty was present during
the whole match, and at the end Matjaž Brumen scored for Vardar to
level it at 30:30. It is probably the most realistic result with
neither team managing to enlarge the gap through the match.
Cindrić and Dibirov have scored 6 each for hosts
and Ilić netted 10 times for MVM Veszprem.
Javier
Sabate, MVM Veszprem’ coach:
Congratulations to Vardar’ players and their coach
Raul on a very good match. In the first half we’ve played very slowly and made
technical mistakes losing possessions easily. Vardar have used it with
counterattacks and fast game and was always in the lead. In the second half we’ve
improved both in attack and defense and become the better opponent. This match
reminded me of the first one we have played at home against the same opponent,
which has also ended with a draw. I congratulate Vardar on winning a point, but
also congratulate my players on playing a good game. I want to thank the
audienc on making an amazing atmosphere and cheering in fair-play.
Timuszin
Shuch ,MVM Veszprem’ player:
I think this was a good game for spectators. We’ve
started it very slowly and made technical errors, unlike the players of Vardar
who started very quick and scored goals from attack and counterattack. We’ve
managed to get back after the break and in the second half we’ve played very
well. But, we have to learn from our mistakes for the future games.
Raul Gonzales, Vardar’
coach:
I want to congratulate Veszprem, because they’ve
played a very good match. I am very pleased because we’ve played well,
especially in first 15 minutes when we were excellent in defense and in attack.
But, Veszprem has good players and a good strategy, so it was difficult to
maintain it. After the first half we’ve had a lead of one goal and in the
second it was more difficult to play against 6-0 defense. Veszprem had turned
the game and they led by two or three goals. Our 5-1 has however given us more opportunity
for counter attacks and achieving goals easier and finally the match ended with
a draw. It is always a success when you play a draw against Veszprem.
Stojanče
Stoilov, Vardar’ player:
Veszprem have played a really competitive game
tonight and I want to congratulate them. In fact, both teams have showed very
good game. In the first half we were better team and we could have more than
one goal advantage. During the second half they’ve improved their game, but at
the end we fought back to win a point. I believe that this result is real and
both sides have to be pleased with a point.
Ракометарите
на Вардар се единствениот тим сезонава во СЕХА Газпром лигата кои што успеаја
да му земат бодови на актуелниот првак Веспрем. Повторно на меѓусебниот дуел
беше реми, овојпат 30-30 со што е познато дека двата тима нема да може да се
сретнат во полуфиналето на Ф4 турнирот во Вараждин.
Ова беше последен натпревар
за Вардар сезонава во СЕХА Газпром лигата пред домашна публика, па останува
само уште гостувањето кај Мешков Брест кое секако нема ништо да смени во однос
на двојките за полуфиналето на Ф4 турнирот.
Ривал во Вараждин во
полуфиналето ќе биде ППД Загреб. Тие победија на натпреварот со Мешков и го
избегнаа четвртото место.
Иако натпреварот во Скопје
меѓу Вардар и Веспрем немаше голем притисок, сепак двата тима беа расположени
за играње, надигрување и желни за победа. Неизвесноста беше присутна во текот
на целиот натпревар, а во самата завршница преку Матјаж Брумен Вардар успеа да
израмни на 30-30. Тоа веројатно е најреалниот исход од натпреварот, бидејќи
ниту една екипа не успеа да оствари позначајна предност ниту пак да се одлепи
резултатски.
Од почетокот на мечот на
Вардар му требаа пет минути да "запали", а потоа направи серија од 6-1 и
поведе со 7-5. Ја чуваше предноста, која достигна највисоки три разлика, а
потоа исто така во пет минути ја загуби. Од 20. До 25. минута вардарци не
успеаја да го најдат патот до голот, пред сѐ поради гранитниот Роланд Миклер на
голот, па со серија од 5-1, Веспрем го презеде водството со 11-10 во 25.
минута. Сепак, имаа нерви во завршните пет минути повторно да се вратат во
позитива и со 13-12 да заминат на пауза.
Целото второ полувреме беше
понапнато, подинамично, особено последните 10 минути. Во нив Вардар влезе со
водство од 24-23, правејќи серија од 3-0. Но потоа Веспрем повторно возврати и
дојде до 27-25 на шест минути до крајот. Меѓутоа вардарци беа упорни и
решителни во нападот успевајќи да го урнат беспрекорниот Миклер денеска.
Хавиер Сабате - тренер на Веспрем
"Честитки за Вардар и за тренерот Раул Гонзалес. Беше одличен меч за
сите гледачи во арената. За натпреварот, мислам дека во првото полувреме Вардар
ја водеше играта, ние игравме бавно, губевме многу топки. Вардар има брзи
играчи и брза контра, па го искористија тоа во првиот дел. Во второто полувреме
бевме подобри во нападот, но на крајот тие играа многу добро. Беше идентичен
меч како тој што го игравме дома. Честитки на сите играчи за борбата и честитки
за сите навивачи кои дојдоа и го одлично го бодреа својот тим".
Раул Гонзалес - тренер на Вардар
"Сакам да ѝ честитам на екипата на Веспрем, зашто мислам дека одиграа
многу добар меч. Јас сум многу задоволен зашто и ние одигравме добро. Во првите
15 минути бевме супер и во одбрана и во контра-напад. Но Веспрем има добри
играчи и добра стртегија па беше тешко да задржи предноста. На полувреме беше
еден разлика за нас, а потоа тешко се снаоѓавме со одбраната 6-0, па Веспрем
поведуваше со два-три разлика. Потоа со 5-1 имавме повеќе можност за
контра-напад и постигнавме полесно голови и на крај нерешено, секогаш е успех
кога ќе одиграте нерешено со Веспрем".
Тимушун Шуц - играч на Веспрем
"Почнавме бавно, заспано со многу грешки од почетокот на натпреварот
дозволувавме контра-напад. Потоа бевме малку подобри во одбрана, а во вториот
дел веќе го кренавме нивото и бевме подобри. На крајот натпреварот заврши рема
и мораме да научиме по нешто од овој меч".
Стојанче Стоилов - играч на Вардар
"Да ја пофалам екипата на Веспрем за нивната борбеност. И двете екипи
одигравме добри натпревари, но во првото полувреме ние бевме подобар противник
и не успеавме тоа да го искористиме за поголема предност. Во вториот дел и ние
и Веспрем имавме подеми и падови и двете екипи сакаа да победат и мислам дека
нерешеното е реален резултат за овој натпревар".