Ништо од желбите, Макс Струмица ја заврши сезоната без победа
13.03.2016.
•
SEHA GAZPROM LEAGUE
SEHA Gazprom League' rookies Maks Strumica have ended
the season with another defeat. In the last encounter of the season they lost
to NEXE at home with 20:30 finishing their premier season without a victory.
Maks' defence was strong but they lacked strenght and
focus to keep the match narrow and eventually reach at least a point.
Hosts were able to stay close for almost 40 minutes
but after that NEXE were simply the only team on court slowly enlarging the gap
to final convincing +10. Mirko Majić finished the match with 9 goals, Igor
Milosavljević added 7 for hosts and on the other side NEXE all-star winger
Vedran Zrnić scored 10 goals from 10 attempts.
Vančo Trendafilov, Maks Strumica coach:
NEXE have played a really good game. A wish to achieve first win was not realistic. Too many injuries and youngsters to achieve anything. We're now turning to domestic champions.
Petar Mastev, Maks Strumica player:
We've played a good game, wished for a better result but it was obvious that NEXE are a better and more experienced team.
Zdenko Kordi, NEXE coach:
Good and fair match and I hope we'll see each other in SEHA Gazprom League again.
Vedran Zrnić, NEXE player:
We've managed to finish the League with a victory. Hosts were good and atmosphere was amazing.
Дебитантот во СЕХА Газпром лигата, Макс Струмица ја
заврши сезоната во ист стил како и што ја почна - со пораз. Во последниот
натпревар Макс Струмица загуби пред домашна публика од Нексе со 20-30, и им
остана неостварена желбата да остварат барем еден триумф сезонава.
Имаа желба, но немаа капацитет да ја остварат, па
мораа да се помират со уште еден, 16-ти пораз. Нексе заврши на шестото место на
табелата, а Макс Струмица е последна со само два бода.
Ако на првиот меч, во Нашице, Макс Струмица се држеше
50-тина минути, овој пат "попуштија" по 20 минути игра. Домаќините водеа со 8-6
во 17. минута, по што следуваше пад во играта и до крајот на полувремето Нексе
направи серија од 8-2, за водство 14-10. Голманите повторно беа слабата страна
на Макс Струмица со само една одбрана од 15 упатени шутеви.
Во вториот дел предноста порасна до шест гола (17-11),
меѓутоа струмичани имаа и обид за враќање, па успеаја да намалат на 17-19 во
47. минута. Сепак, им недостигаше сила за пресврт, и на крај поразот излезе и
убедлив.
Мирко Мајиќ и Игор Милосављевиќ го предводеа нападот
на Макс Струмица, со 9 односно 7 гола. Кај Нексе непогрешлив беше некогашниот
хрватски репрезентативец, Ведран Зрниќ со 10 гола од 10 обиди.
Петар Мастев - играч на Макс Струмица
Им честитам на противниците за победата. Одигравме коректно
и сакавме да направиме поволен резултат, но се виде дека тие се далеку
поискусен тим.
Ванчо Трендафилов - тренер на Макс Струмица
Честитки за гостите за прикажната игра. Сакавме со поволен
резултат да се збогуваме од СЕХА Газпром натпреварувањето, но се покажа дека
тие се далеку поквалитетен и поискусен тим. Ние и во овој натпревар влеговме со
повредени играчи па поголема минутажа добиваа и играчи од младинските погони.
Сега се фокусирам на
домашниот шампионат.
Ведран Зрниќ - играч на Нексе
Ова беше последен натпревар за нас и успеавме со победа да
го завршиме со трумф нашиот настап во СЕХА Газпром лигата. Беше фер натпревар
во кој домакините се покажаа во добра форма. Им благодариме на
гостопримството.
Зденко Корди - тренер на Нексе
Им честитам на играчите на Макс Струмица за добрата и фер
коректна игра и се надеваме дека повторно ке се видиме во СЕХА Газпром
натпреварувањето.