In their seventh game this season in SEHA Gazprom League, Vardar has managed to secure sixth win in a row beating Gorenje Velenje with 40-32 (21-12) after another dominant performance. Vardar will that way remain on top being the only team without defeat.
Slovenian team was not able to resist Vardar's furry for long, with Vardar's attack functioning great once again having 34 goal scoring average so far this season. First half was crucial with hosts enlarging the gap to 9 (21:12). Goalkeeper Angelov was great with 7 saves in that period being the key for Vardar's dominance today. Home team's 6-0 defense was also functioning great and there was simply no way for Gorenje to stun favored opponent.
Raul Gonzalez, Vardar coach: I want to congratulate Gorenje because they've displayed very good handball, but I also want to thank my players for playing with commitment and focus. In the first half we've played well with 6-0 defense having Angelov in great mood and enlarging the gap to 9. In the second half we didn’t manage to stay at the same level but we have to understand that as we are a bit tired after Champions League's game in Sweden last Sunday.
Petre Angelov, Vardar player: We are continuing to improve our game from match to match and I hope we'll achieve our main goal of the season. We just have to go step by step. This game was very useful for Saturday’s game against Meshkov Brest in Champions League.
Marko Sibila, Gorenje coach: First of all I want to congratulate Vardar on all good games they've played this season so far, especially on their tonight's performance. Regarding our team, we've tried to play as good as possible but it wasn't well enough after all. We've made some mistakes but as you know, we have several new players that need some time to adapt. However, we are looking forward to this season and I hope that audience enjoyed tonight’s game.
Niko Medved, Gorenje player: We've opened the match badly and Vardar knew how to use it. We were much better in second half both in attack and defense, but it wasn’t enough to come back into this one. They've deserved this win and I wish them good luck this season in all competitions.
Во седмиот натпревар сезонава во СЕХА Газпром лигата, Вардар ја оствари шестата победа по ред, победувајќи го Горење со 40-32 (21-12) покажувајќи уште една доминантна игра. Вардар останува на лидерското место на табелата и е единствен тим без пораз.
Горење го снајде слична судбина како и Целје, и примија 40 гола. Словенечкиот тим не можеше да го издржи налетот на домашните ракометари, а нападот на Вардар има просек од 34 гола по натпревар сезонава во СЕХА лигата. Двата тима играа двапати во август во Словенија за време на подготовките, и Вардар двапати победи. Клучно за победата беше првото полувреме кога Вардар направи предност од девет гола, 21-12. Голманот Петре Ангелов имаше седум одбрани, а Фереира Мораеш, Игор Карчиќ Тимур Дибиров имаа по пет гола секој, не само како најава на победата туку и на доминација на домашниот тим. Одбраната 6-0 функционираше речиси перфектно, а нападот ги реализираше сите можни шанси за гол.
Гол разликата се искачи на "плус 10" во второто полувреме, 39-29, но во завршните моменти Горење успеа да намали на осум гола.
Раул Гонзалез, тренер на Вардар: Сакам да им честитам на играчите на Горење бидејќи играат добра ракомет, но исто така и на моите играчи затоа што одиграа со посветеност и концентрација. Во првото полувреме имавме добра 6-0 одбрана и голманот Ангелов кој одбрани седум топки, со што ние успеавме да направиме разлика од девет гола. Во второто полувреме не останавме на истото ниво, но мораме да разбереме дека сме и малку уморни по оној натпревар во Шведска во неделата.
Петре Ангелов, играч на Вардар: Сакам да им честитам на играчите на Горење за фер играта. Ние продолжуваме да ја подобруваме нашата форма од натпревар во натпревар и се надевам дека сезонава ќе ја оствариме зацртаната цел. треба да одиме чекор по чекор и овој меч беше многу корисен за следниот натпревар во сабота против Мешков во ЕХФ лигата на шампионите.
Марко Шибила, тренер на Горење: Му честитам на Вардар за сите негови добри игри сезонава, особено за она што го покажаа вечерва. Во однос на мојот тим, ние се обидовме да играме најдобро што можеме, но тоа беше невозможно вечерва. Направивме некои грешки, но како што знаете имаме многу нови играчи и им треба време на адаптација. Но, гледаме напред.
Нико Медвед, играч на Горење: Во почетните минути игравме лошо и Вардар знаеше од тоа да направи разлика. Бевме многу подобри во второто полувреме, во одбрана и напад, но не беше доволно да се вратиме во игра. Тие ја заслужија победата и им посакувам се најдобро сезонава.