Current SEHA GSS League's champions
- Vardar have managed to win the last match in Kale sports hall before moving
to new-built hall 'Jane Sandaski'. Team from Skopje was better with 32:29
(19:16). This was, as expected, match full of emotions for PPD Zagreb's new and
Vardar's former coach Veselin Vujović who has started the match in tears.
Connection he has made with Vardar's loudest supporters - Komiti is still more
than visible.
Coach Raul Gonzalez has
before the game decided to rest goalkeeper Arpad Šterbik and winger Timur
Dibirov, but even without them Vardar had no problems today.
Home team has opened the
match in a better way leading 4:0 and 6:2 clearly controling the match from its
beginning. They have even reached +6 (12:6) but guests have then with 1:5
series managed to reach only -3 (19:16) on halftime.
Zagreb has in the second half
even managed to reach -2 in a few situations but Vardar's bench was too strong
and did not let guests come closer or even surprise them in their last match in
Kale.
Raul Gonzalez,
Vardar’s coach:
- We already think about our
next game in EHF Champions League. This match came at the right moment for us.
Zagreb was extraordinary in defence against Kiel but today they weren't on that
level. I believe Vujović' priority is, just like ours, CL and I believe we've
both used this match in a best possible way - to prepare for tough upcoming
matches.
Nemanja Pribak,
Vardar’s player:
- We are simply a better team
and in front of our amazing fans Zagreb's only chance was a miracle which did
not happen today. Atmosphere today was really unbelievable.
Veselin Vujović,
PPD Zagreb’s coach:
- This was a truly special
match for me. I've tried to keep my emotions, but I don't think anyone can stay
immune to this atmosphere. Vardar was dominating during the whole game. I've
tried to make my players reach their maximum today but on Sunday we've defeated
Kiel, and we are physically and emotionally exhausted. Well deserved win for
Vardar.
Teo Ćorić,
PPD Zagreb’s player:
- Our defence was not
functioning good at all in the first half, we have conceded more goals than we
should in matches like this. Attack was fine but you have to play good in 'both
directions' to win a match like this. In the second half there were too many
mistakes in attack, defence was better but it was not enough. Congrats to
Vardar.
Актуелниот првак на СЕХА ГСС
лигата со победа, 32-29 (19-16) против ППД Загреб, се прости од салата во СРЦ
Кале каде досега ги играше своите натпревари. Мечот беше полн со емоции,
бидејќи пред почетокот на натпреварот навивачите на Вардар неколку минути го
скандираа името на Веселин Вујовиќ, кој во минатото беше тренер на Вардар.
Тренерот Раул Гонзалез, реши
да ги одмори голманот Арпад Штербик и крилото Тимур Дибиров, но и без нив
Вардар немаше проблеми во играта.
Целиот меч имаше ревијален,
свечен карактер, иако "црвено-црните" по првите четири минути направија серија
од 4-0 за да се одвојат на 6-2 и оттогаш да стават своја команда врз мечот.
Разликата растеше до највисоки шест гола, првпат со 12-6 во 16. Минута. Вардар
во 22. минута за последен пат имаше шест позитива (16-10), а оттогаш Загреб
направи една офанзива која резултираше со серија од 5-1, за "само" 19-16 на
одморот за македонскиот тим.
И вториот дел почна со
иницијатива на Вардар и повторно одлепување, овојпат до максимални четири
разлика (21-17). Одбраните полека попуштаа и главен збор земаа контрите,
атракциите и голманските одбрани. Загреб се доближуваше на два негатива уште во
неколку наврати, но ниту тој можеше повеќе од тоа да притисне, ниту Вардар
успеа да се одлепи позначајно.
Раул Гонзалез - тренер на
Вардар
Размислуваме за настапите во
лигата на шампионите. Овој меч ни дојде во вистински момент. Загреб играше
добро против Кил, пред се во одбрана. Тука не се случи тоа. Вардар беше
поуспешен. Верувам дека и за Вујовиќ, приоритет е Лига на шампионите. Ова беше
добар меч како проверка за она што следува.
Немања Прибак- играч на
Вардар
Им благодарам на сите за овој
прекрасен амбиент што го направија навивачите. Сепак сме поквалитет тим, и пред
оваа публика за да загубиме требаше ние да одиграме слабо, а Загреб добро, а
тоа не се случи.
Веселин Вујовиќ - тренер на
ППД Загреб
Овој меч беше специјален за
мене. Се трудев да ги задржам емоциите. Но не верувам дека некој може покрај
вакво навивање да остане цврст и имун. Она што го доживувам и сум го доживувал
во Скопје не верувам дека некој спортист може да го доживее некаде. Мечот беше од прв до последен, силен,
натпреварувачки. Доминираа домаќините во тек на цел меч. Загреб секогаш беше на
чекор да го направи натпреварот интересен. Се обидов да извлечам максимум. Во
недела го победивме Кил, и ние сме физички и емотивно истрошени. Денеска Вардар
бараше рехабилитација, и сакаа да го победат Загреб. Им честитам на победата.
Тео Чориќ - играч на ППД Загреб
Денеска одигравме добар меч. Во првото полувреме можеби примивме повеќе
голови. Овој натпревар беше емотивен. Одбраната беше шуплива, а нападот беше
подобар. Во второто полувреме, стиснавме, но грешевме во напад.