Vardar will on Wednesday and Friday play two matches of SEHA GSS League,
both at home in their new ‘Jane Sandaski hall’. First they will host Radnički
and two days later Tatran comes to visit.
After a
busy month in EHF's Champions League and four games in a row without defeat Vardar wants to finish the month with series of five matches without a
loss with four wins.
Vardar
is entering the match as a big favorite while Radnički wishes to surprise hosts
even after a loss in Banja Luka only a few days ago. Hosts will play without
Alex Dujshebaev who is a bit injured and whose place in the roster will take
Stefan Terzić. Coach Gonzalez believes this is a great thing and an opportunity
for players who play less to show their talent and potential for the first
team. This will on the other side be Radnički's second match in Skopje this
season. In their first appearance in Macedonian capital they were defeated by
Metalurg 35:22.
Raul Gonzalez, Vardar’s coach
We have to adapt our team to SEHA GSS League. We’ve achieved an
important draw against Montpellier and now it is hard to focus on Radnički.
They are a good team playing 3-3 defense so we have to be ready for it. Our
players are a bit tired but we surely want to extend winning streak with
players who play less eager to show their talent.
Stefan Terzić, Vardar’s players
I agree with my coach, Radnički
is a team that often changes its defense during the game. They also play good handball,
a typical Balkan style which means fighting until the final whistle bringing
most of their matches to a thriller ending. Our plan is however to win the game
and continue with good performances.
Nedeljko
Vučković, Radnički’s coach
I think
my team will be able to recover from a loss few days ago in Banja Luka. Vardar
is a super quality team and they, in my opinion play really good, nice looking
handball. If we manage to play like we did first 50 minutes against Borac we
might reach a good result in Skopje.
Aleksandar Gugleta, Radnički’s
player
A team
consisting of national
team players like Šterbik,
Dibirov, Marković Abutović, Stoilov itself is a great motivation for my teammates and for me, to play over our level,
and give great resistance against this worthy
favorite team. We want to play like Montpellier did in
France, use 'holes' in Vardar's performance they've managed to find. Our goal
is to play like we did in Banja Luka.
Вардар
за два дена ќе одигра два натпревари во СЕХА ГСС лигата, и тоа пред домашна
публика. Утре (среда, 22.10.) во Скопје гостува тимот на Раднички Крагуевац, а
потоа во петок (25.10.) на мегдан доаѓа Татран Прешов.
По напорниот месец во ЕХФ Лигата на шампионите и четирите натпревари без пораз,
на кои се надополнуваат и две победи во СЕХА ГСС лигата, сега Вардар има цел да
го заврши месецот со серија од пет натпревари без пораз и четири победи. Македонскиот
вице-првак влегува во натпреварот како апсолутен фаворит. Раднички после
несреќниот пораз во Бања Лука се надева дека ќе успее да даде доволно силен
отпор за актуелниот првак во СЕХА ГСС лигата.
Вардар
најави само една измена во тимот, и тоа на местото на Алекс Душебев кој
заработи лесна повреда на дуелот во Монпелје. Неговото место ќе го заземе
Стефан Терзиќ кој вообичаено нема голема минутажа. Но, тренерот на Вардар,
верува дека токму играчите кои имаат помала минутажа ќе имаа поголема мотивација
да докажат дека поседуваат висок квалитет.
Гостите
од Крагуевац најавија дека ќе бидат со најсилниот состав. Раднички по вторпат
доаѓа во Скопје сезонава, а на првото гостување загуби од Металург, 22-35.
Раднички досега има една победа (Борац), едно реми (Војводина) и четири порази
и со четири бода се наоѓа на седмото место, веднаш зад Металург. Вардар го
очекува мечов од втората позиција, со 15 бода, три помалку од Веспрем
Раул
Гонзалез - тренер на Вардар
"Ќе
треба да ја прилагодиме екипата од натпревар во ЕХФ лигата на шампионите, на
меч од СЕХА ГСС лигата. По ремито што го постигнавме во Франција ни претстои
меч против многу поинаков ривал. Раднички игра одбрана во формација 3-3, и ќе
мора да бидеме подготвени за тоа. Можеби нашите играчи се малку уморни, но наша
цел е да го продолжиме победничкиот од. Изгледа дека ќе биде лесно бидејќи
играме дома, но мораме да одиграме добро, особено во нападот. Можеби имаме
некои уморни играчи, но имаме и играчи кои се желни да го покажат нивниот
талент, како што е Стефан Терзиќ"
Стефан
Терзиќ - играч на Вардар
"Се
согласувам со мојот тренер, Раднички е тим кој често ја менува одбраната за
време на натпревар. Играат и добар ракомет, типично балкански. Тоа значи дека
ќе се борат до последна минута, но и дека се тим што има квалитет, иако
загубија неколку натпревари со тесен резултат, со еден или два гола разлика.
Но, нашиот план е да победиме"
Недељко
Вучковиќ - тренер на Раднички
"Мислам дека мојата екипа ќе се опорави пред се психолошки од натпреварот во
Бања Лука, и дека повторно ќе одиграме добар натпревар против една од
најдобрите екипи во Европа. Овој натпревар доаѓа три дена после оној со Борац
каде одигравме извонредни 50 минути, по што следеше пад во играта поради што и
бевме поразени. За квалитетот на Вардар не треба да се трошат многу зборови.
Резултатите што ги постигнуваат не се случајни, и според мене тие играат
најубав ракомет во Европа. Се надевам дека екипата ќе биде на ниво како во
првите 50 минути од мечот во Бања Лука и ќе можеме да дадеме отпор."
Александар
Гуглета - играч на Раднички
"Екипа
која е составена од репрезентативци како Штербик, Дибиров, Марковиќ, Абутовиќ,
Стоилов, сама по себе е голем мотив за моите соиграчи и за мене, да одиграме
над своите можности, и да дадеме достоен отпор против фаворитот. Ова е
натпревар за кој не треба посебна подготовка, и сакаме да го искористиме
нивниот евентуален умор после натпреварите во Лигата на шампионите во Франција.
Ако ја повториме играта од Бања Лука, до 50 минута се надевам дека може да
дадеме достоен отпор."