In their first game in 2015, Macedonian
Vardar have retained second place in SEHA GSS league after beating Meshkov
Brest with 28-25. For home team this was a fourth victory in a row in the SEHA
GSSLleague, or sixth victory in a row, together with matches in EHF’s Champions
League.After this game defending champions have 33 points and 11 victories with
only three points behind MKB MVM Veszprem.
The victory in Skopje was sweet for
Vardar, as a revenge for the high loss (22-30) in Belarus, last October.
Although Babić was not able to count on
all of his players today, Meshkov have once again proved to be a tough opponent
for anyone. Vardar was struggling for all 60 minutes to break guest’s defence
which they have in the end managed to do after 3:0 series for 27:24.
First half ended with 13:13 althoug
Meshkov were able to keep minimal lead throughout first 30 minutes. Dibirov was
with 8 goals Vardar’s best scorer, Shishkarev added 5. Nikulenkau was on the
other side Meshkov’s MVP with 5 goals.
Raul
Gonzalez, Vardar’s coach
Meshkov have played a great game tonight.
This was a tough match, we did not have much time to prepare. A few days ago
many of our players have returned from Qatar and considering all of that I can
say I am satisfied with the match. Important 3 points.
Stefan
Terzić, Vardar’s player
I think that during the first half they’ve
played solid defense tactically well, and for us it very tough to score. In the
second half we were clearly better and maybe even able to make bigger goal
difference but it did not happen. However, it is great that we were confident
in the end reaching 3 important points. Well deserved win I believe.
Željko
Babić, Meshkov’s coach
During the second half we were not good in
offence, we did not have idea how to split their defence. However we were able
to keep close until final five minutes when Kamyshyk shot well and hit post,
Vardar have scored two easy goals and that was it. That was, in my opinion, key
moment.
Ljubo
Vukić, Meshkov’s player
I agree with my coach, we were better in first
half than in the second. I think we were not aggressive enough in the end. It
was clear that we were both a bit exhausted, having many players which have
recently joined clubs after returning from Qatar.
Ракометарите
на Вардар го победија Мешков Брест со 28-25 и ја остварија четврта победа по
ред во СЕХА ГСС лигата, или вкупно шеста во низа сметајќи ги и натпреварите од
ЕХФ Лигата на шампоните. Ова е 11. победа за актуелниот шампион во СЕХА ГСС
лигата, со која собра 33 бода, и се зацврсти на второто место, зад Веспрем кој
има 36.
Победата
беше слатка затоа што претставуваше одмазда за високиот пораз (22-30) во
Белорусија, уште во октомври.
Иако
дојде без четворица ракометари, Мешков се покажа како жилав противник кој
беше тешко да се скрши речиси 60 минути. Победата беше осигурана дури во
последните пет минути, кога Вардар со серија од три гола се одлепи на 27-24.
Претходно,
во првиот дел, Мешков не само што се држеше туку во најголем дел од мечот
водеше, иако минимално. Првото полувреме заврши со 13-13, а на стартот на
вториот дел Белорусите повторно први направија чекор напред и поведоа дури и со
два разлика, но Вардар се врати.
Дибиров
со осум и Шишкарев со пет гола предводеа, додека кај противникот Никуленков
беше прв стрелец со пет погодоци.
Раул Гонзалез -
тренер на Вардар
Брест одигра
одлично вечерва. Ова беше тежок меч, и немавме многу време за подготовки. Пред
неколку ден допатуваа оние играчи што настапуваа на СП. Мечот беше добар, но ни
треба време да се воиграме, за оние натпревари што ни претстојат.
Стефан Терзиќ -
играч на Вардар
Натпреварот беше
тежок за двете екипи. Нам ни беше тешко во напад во првото полувреме, зашто
Мешков одигра добро, па ние моравме многу да се движиме без топка. Во второто
полувреме имавме шанса добро да се одвоиме, кога имавме 4 минути предност со
играч повеќе. Се плашев да не тргне лошо. На крај имавме повеќе трпение во
напад да ја држиме таа разлика.
Жељко Бабиќ -
тренер на Мешков
Во второто
полувреме беше видливо дека мојот тим одигра послабо во напад, и немавме идеи.
Противникот играше добро во зоната, и ни беше тешко во еден период да дадеме
гол. Вардар имаше доминација, а ние се вративме во последните 10 минути. Мечот
го пресуди еден момент, кога погодивме статива, и одбиената топка дојде до
домашните играчи и постигнаа гол. Тоа беше клучен момент, но сигурно Вардар
беше одличен во одбрана и агресивен, и ни затвори одредени движења. Противникот
беше онолку добар колку што победи.
Љубо Вукиќ -
играч на Мешков
Игравме добро во
првото, а во второто Вардар одигра поагресивно. И на тој шут на Камишик кој ја
погоди стативата, ни дадоа гол без голман. Да имавме барем малку повеќе
агресивност ќе беше поинаку. Вардар е одличен тим. Квалитетно одигравме, со
оглед дека ниту еден тим немаше многу заеднички тренинзи последниве два месеци.