Club's
president Levce Kitevski has stated that eight important players have left
Metalurg. In a duel against Vojvodina, tomorrow (17.30 CET), Metalurg will with
youngsters try to reach 3 new important points.
Situation in current Macedonian champion’s
roster has finally become clear and unfortunatelly for them eight of their most
important, experienced players have decided to continue their careers somewhere
else. It is now clear that Naumče Mojsovski, Filip Mirkulovski, Vančo Dimovski,
Nikola and Velko Markoski, Dejan Manaskov, Ace Jonoski, Goce Georgievski and
Renato Vugrinec have, at least for now, played their last matches in Metalurg’s
jersey.
However,
Macedonians hope to reach new win in 2015 which would be more than enough to
secure sixth place on League's table.
Lino
Červar , Metalurg’s coach
Match
against Vojvodina is ahead of us and it sure won't be easy but we have to do
everything to resist everything bad which has happened. They are a good team,
aggressive, fast and experienced. It wont' be easy for our youngsters to face
them but we'll do everything to play good, especially in defence and reach good
result.
Filip Taleski, Metalurg’s player
We've
won first match in
Novi Sad, but then we were playing with complete team. We'll now play with different roster but we surely won't
surrender. I believe we have a good chance to reach a new win.
Đorđe Ćirković , Vojvodina’s coach:
At the beginning of the second part of the season
we’ll play two matches in Skopje and it is clear our chances are bigger against
Metalurg. However, even without many changes in their roster thy still have a
good team. We have more experience than we’ve had six months ago now and we’ll
finally be able to count on the whole team and hope for the best.
Danimir Ćurković, Vojvodina’s player
It will be great to return to court after long period
of being absent due to an injury. Our goals, as a club, are to play better than
in the first part of the season, especially against clubs which are not
stronger than us at the moment and I believe currently Metalurg is one of those
clubs. It won’t be easy but we’ll surely have our chances in case we manage to
play a good match.
Неизвесноста околу иднината на Металург конечно е разјаснета, откако претседателот на клубот, Левче Китевски потврди дека осуммина ракометари заминале, и на следните натпревари екипата ќе игра со помлади ракометари. Како ќе изгледа "новиот Металург" ќе се знае утре на дуелот против Војводина (17,30 ч.)
Македонскиот првак подолго време има финансиски проблеми и потврдено е дека си заминале Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Ванчо Димовски, Никола и Велко Маркоски, Дејан Манасков, Ацо Јоноски и Гоце Георгиевски. Повеќе од сигурно е дека натпреварот против Војводина ќе биде последен и за Ренато Вугринец кој исто така најави заминување.
Од интернационалците во Металург, сега останува само Дарко Ѓукиќ кој пред два дена му се приклучи на тимот. Во однос на тимот кој играше против Нексе и Татран, сега ќе ги нема Миркуловски, Георгиевски и Јоноски.
На првиот меѓусебен дуел во Нови Сад, Металург победи со 25-22, и македонскиот тим се надева дека ќе успее во следните натпревари да освои бодови со кои ќе биде на шестото место на табелата. Сега Металург кој е на шестото место има четири бода предност во однос на Нексе.
Лино Червар - тренер на Металург
"Сега ни доаѓа Војводина, но ситуацијата е малку изменета, бидејќи ние ќе играме во изменет состав. Ќе биде тешко нешто да бараме на таа средба, но ќе се обидеме да се спротивставиме. Неверојатно сме хендикепирани, а играме со екипа која е двоен шампион на Србија. Се работи за респектабилна екипа, која игра доста агресивно, брзи се, долго играат заедно и имаат доста квалитетни ракометари. За нашите млади ракометари тоа ќе биде голем предизвик, но и со играчите со кои располагаме ќе се обидеме да се спротивставиме и да видеме колку можеме. Нашата младост и нашето неискуство ќе се обидеме да ги надокнадиме со борбена игра и со добра одбрана. Нашите играчи очекувам на некои средби да играат подобро, на некои полошо, некои ќе ги добиеме, други, пак, ќе ги загубиме, но тоа е цената на стекнувањето на искуството."
Филип Талески - играч на Металург
"Го добивме првиот меч во Нови Сад, победивме, но тогаш бевме комплетни. Сега излегуваме со друг состав, тие се искусна екипа, но и покрај тоа нема да се предадеме да излеземе со бело знаме. Ќе излеземе да се бориме да покажеме што знаеме и се надевам дека на крајот ќе се радуваме на нова победа"
Ѓорѓе Чирковиќ - тренер на Војводина
" На почетокот на вториот дел од сезоната не очекуваат натпревари во Скопје. Јасно е дека поголеми шанси за добар резултат имаме против Металург, иако тие имаат доста кадровски промени, но со силен тим. Ние сме постари за шест месеци, поискусни, и ни се вратија повредените играчи, и конечно можеме да сметаме на комплетен тим. Се надеваме на најдобро
Данимир Ќурковиќ - играч на Војводина
" Се радувам на враќањето на терен после подолго време поради повреда. Очекувањата се да го подобриме впечатокот во вториот дел од сезоната, во однос на првиот дел каде можевме да освоиме уште некој бод. Мораме да ги победиме екипите што се на наше ниво, притоа мислам и на Металург. Ќе биде тешко, но, имаме свои шанси.