Current SEHA GSS champions
Vardar have managed to make a step forwards towards securing the second place
after the regular part of the season beating Vojvodina with 30:26. Macedonians
now have nine points more than Croatian champions with three matches left to
play.
It was harder than expected
for Vardar whose minds are clearly already on a match against Montpellier.
Vojvodina have on the other handb once again proved to be a tough opponent for
anyone winning a point against Metalurg and now playing great against Vardar.
Guests were in lead through
the bigger part of the first half but home team has with 5:0 series in the end
reached +2 after first 30 minutes. Vardar were in the second half struggling to
enlarge the goal gap but it was not easy against highly motivated guests. In
the end unexpectedly 'narrow', +4.
Raul Gonzalez,
Vardar’s coach:
In first 15 minutes Vojvodina
have played well, and we did not play as we wanted. We've failed to score some
easy goals. In the second half we were better, more organized creating the
advantage.
Stefan Terzić,
Vardar’s player:
This was a tough game for us,
because we were traveling whole night on Saturday after the duel against
Zagreb. All players have had their chance today, which was good. Now we have to
focus on a match against Montpellier in CL which is really important for us.
Vojvodina are always a tough opponent for us. They've play well and
disciplined, and know how to "take care of the ball".
Vuk Lazović,
Vojvodina’s player:
I want to congratulate my
teammates, we've showed we have fighting spirit. We now have an important EHF's
Cup match ahead of us and we will cetreainly have a lot of use from this match.
Ракометарите на Вардар
направија чекор до обезбедување на второто место во регуларниот дел од СЕХА
лигата, откако во Скопје ја победија Војводина со 30-26. Ова беше 12 победа по
15 одиграни натпревари во СЕХА, па на три натпревари до крајот на регуларниот
дел од сезоната Вардар има девет бода повеќе од Загреб.
Вардар не беше убедлив како
што знае да биде. Очигледно беше дека во мислите им е натпреварот од ЕХФ лигата
на шампионите со Монпелје. Војводина покажа дека е во добра форма. Освои бод со
Металург, а сега беше и во најголем дел од натпреварот роамноправен ривал.
Во првиот дел, гостите
двапати имаа предност од два гола. Сепак од 15. минута, кога на семафорот беше
6-8, "црвено-црните" почнаа серија од пет гола едноподруго, и направија
пресврт, па на полувреме имаа два гола предност.
Во вториот дел, иако се
одлепија на највисоки четири разлика (17-13 во 32. минута), уште долго немаа
сили да направат повисока предност и да ги решат дилемите околу побендикот.
Предноста ја градеа полека и внимателно, за да дојдат до највисоки 28-23 и
29-24, колку да не дозволат да бидат загрозени до крајот.
Следниот предизвик во СЕХА
доаѓа на 26 февруари, на гости кај Раднички.
Раул Гонзалез
- тренер на Вардар
Во првите 15 минути Војводина
играше добра, а ние не одигравме како што посакувавме. Не успеваме да
реализираме некои лесни голови. Во второто полувреме игравме подобро и
поорганизирано, и така дојде предноста што ја направивме.
Стефан
Терзиќ - играч на Вардар
Тежок натпревар за нас,
бидејќи цела ноќа патувавме во саботата по мечот со Загреб. Сега секој доби
свои минути на натпреварот. Најважно е да бидеме сконцентрирани за мечот во
сабота со Монпелје. Војводина е незгоден противник. Тие играат добро и
дициплинирано, и знаат да ја ценат топката.
Вук
Лазовиќ - играч на Војводина
Сакам да им честитам на моите
соиграчи што покажаа дека имаат карактер. И нам ни претстојат важни натпревари
во Купот на ЕХФ, и ова беше добар натпревар да видиме до каде сме со формата.