Last second goal
has in Strumica's first SEHA Gazprom League match taken them 2 important points
away. However, League's rookies are hoping to repeat good performance in their
second match at home against Tatran from Prešov (Wednesday 17.45 CET) and reach
victory they are hoping for.
Hosts have only
had two days for rest and preparation and by that they will play without their
best scorer Revaz Chanturija who was given a red card in season opener and will
not be in roster against Slovak champions.
Tatran will also
arrive incomplete, without their back player Oliver Rabek who stayed home after
his back surgery. Guests are coming to Macedonia in good shape after winning
Czech-Slovakian Cup proving good form.
Marjan Andonov,
Maks Strumica’s coach:
We've taken that
last second goal pretty hard, it is really not easy to have victory in your
hands and then lose it in only few seconds. However, schedule is pretty tough
and we've turned our heads towards the match against Tatran. They are a bit
weakened since the last season and that's where we see our chance.
Slaviša Dimitrievski, Maks Strumica’s player:
We are aware of
Tatran's qualities. Our goal is to play well and raise our game to a higher
step. Certainly we will not give up.
Rastislav Trtik,
Tatran’s
coach:
We’ve come to Strumica without Oliver Rabek who is
recovering from hernia surgery. Our opponents are rookies in the League and we
believe their eagerness to show everyone what they can will help them play good
and compete with better teams.
Tomas Čip, Tatran’s player:
After a longer pause and summer preparations we are
ready to start this season. We are devoted to continue with good performances
in SEHA Gazprom League. We’ll do our best to win in this first match against
Strumica and open the season with 3 points. It won’t be easy but we have a good
roster and I believe we’ll make it.
Откако примија
гол во последната секунда од натпреварот со Војводина, што им ја одзема шансата
за триумф, ракометарите на Макс Струмица се надеваат дека во вториот дуел пред
домашна публика, против Татран Прешов (среда 17,45 ч.) ќе успеат конечно да се
израдуваат на победа во СЕХА Газпром лигата.
Тимот од
Струмица има само два дена за одмор, а поради црвениот картон добиен на мечот
со Војводина, во тимот на Макс Струмица нема да биде крилото Реваз Чантурија,
најдобриот стрелец во екипата.
Од друга страна
и Татран доаѓа некомплетен, и без бекот Оливер Рабек кој имаше операција на
хернија. Татран во подготвителниот период го освои Купот на Чешка и Словачка,
покажувајќи дека се во добра форма.
Марјан Андонов, тренер Макс Струмица:
Ние сме како во нокдаун по
вчерашниот натпревар со Војводина. Ни преостанува оваа
вечер да ја подигнеме малку екипата, а знаеме сите колку е
тешко тоа во спортот кога ја имаш
победата во раце, и во крајната секунда ја губиш, а натреварите
одат ден за ден. Татран Прешов е ослабен на беговската позиција од минатата
година. Тие имаа добри играчи на овие позиции, а сега имаат замени кои мислам дека се за класа послаби од минатата
година. Тука ја гледаме нашата шансата.
Славиша Димитриевски, играч на Макс Струмица:
Свесни сме за квалитетот на Татран, секако и ние сме една нова
екипа и со нови засилувања. Ќе сакаме да одиграме добро и пред се да се
подигне нивото на играта и квалитетот.
Сигурно нема да се предаваме.
Растислав Тртик,
тренер на Татран Прешов:
Патуваме во
Струмица без Оливер Рабек кој мораше да замине на операција на хернија.
Денешниот меч со Макс Струмица против Војводина ќе ни покаже повеќе за нашиот
ривал. Макс Струмица е нов клуб во СЕХА Газпром лигата и веруваме дека шансата
да се игра во ваква лига со одлични противници може да ги стави во втор план
играчките квалитети.
Томас Чип, играч
на Татран Прешов:
По долгата летна
пауза и подготовките сега сме спремни за почетокот на новата сезона. Целосно
сме посветени да постигнување на добри резултати во СЕХА Газпром лигата.
Посакуваме да победиме во овој прв меч во новата сезона против дебитантот Макс
Струмица, и да ги освоиме трите бода. Нема да биде лесно, но, можам да кажам
дека со момците во мојот тим се е возможно.