After winning two
tournaments, in Kanjiža and Skopje, Macedonian champions Vardar will start
playing real, competitive games in SEHA Gazprom League fighting for points and
doing their best to, for the beginning, repeat last year's success of
qualifying among League's best 4 teams. Serbian champions Vojvodina will be
their first rivals for the season, on Wednesday (20.15 CET).
Vojvodina is coming to Skopje
after a 25:25 draw in Stumica against League's rookies Maks. Team from Novi Sad
has always performed well in Macedonia but despite of that hosts are clear
favorites. Last season they have managed to reach two victories, 30:26 and
26:21.
'Red-black' goalkeeper Peter
Angelov will miss the match due to his back injury being adviced to take rest
for a few more day. Also, Matjaž Brumen missed last training due to abdominal
pain.
Raul Gonzalez,
Vardar’s coach:
We are beginning with a new
SEHA Gazprom season. I have to say, so far, I am pleased with pre-season. We've
worked really hard playing some good matches. I hope this season will be better
than previous one. We have some injury problems with Angelov and Brumen which
means our roster for tomorrow is still a bit uncertain. However, we'll have to
play good in attack against Vojvodina because of their deadly counter-attacks.
It is good we'll have some tough matches ahead of duel against Montpellier and
we just have to go step by step.
Filip Lazarov,
Vardar’s player:
Our goal in each match is to
win. We've watched Vojvodina's match from Strumica. In my opinion all teams in
the League are willing to show how good they are, especially in the beginning
of the season. We have to be cautious and play in our rhytm which we are slowly
catching. I hope for good results through the whole season.
Nikola Marković,
Vojvodina’s coach:
Vardar is among four best
teams in Europe. We’ll play a difficult match. We just played in Strumica after
which we were immediately on bus heading towards Macedonian capital. We've only
had a day off. I still have to see if I will rotate players. Again, our
priority is not the result but raising form before matches in EHF's Champions
League.
Zoran Nikolić,
Vojvodina’s player:
It is a great challenge to
play against Vardar. They are a top team. We will do our best. We will fight
best we can, but we must be realistic - Vardar are absolute favorites.
По освојувањето на турнирите во Кањижа и
Скопје, сега ракометарите на Вардар ги почнуваат "вистинските натпревари" во
СЕХА Газпром лигата каде се борат за бодови, и повторување на ланскиот успех,
пласман на Ф4 турнирот. Српскиот првак Војводина е првиот ривал на Вардар во
СЕХА лигата.
Војводина одигра нерешено
25-25 со Макс Струмица на првиот натпревар во новата сезона. Тимот од Нови Сад
секогаш играл добро кога гостувал во Македонија, но со оглед на формата во која
се наоѓаат "црвено-црните" тие се фаворити на дуелот. Војводина е вторпат по
ред шампион на Србија и редовно тврд противник, без разлика што завршува во
долната половина од СЕХА-табелата. Минатата сезона Вардар двапати ја победи, но
со скромни 30-26 и 26-21, затоа вниманието ќе биде на високо ниво.
Поради повреда на грбот во
составот на Вардар веројатно ќе го нема голманот Петар Ангелов, кој доби
препорака од лекарите да мирува уште неколку дена, а на стомачни болки се
пожалил и Матјаж Брумен. Во зависност од неговата здравствена состојба утре ќе
се реши дали ќе биде во екипата за средбата со Војводина.
Раул Гонзалез,
тренер на Вардар:
Почнуваме нова сезона во СЕХА
Газпром лигата. Јас сум задоволен со подготовките што ги имавме. Работевме
многу добро во претходниот период и одигравме контролни натпревари каде
победувавме. На сите натпревари досега игравме добро, и се надевам дека оваа
сезона ќе биде подобра од лани. Имаме проблеми со повредите на Ангелов, а
Брумен имаше зголемена температура. Ќе видиме како ќе биде утре и кои ќе биде
во составот.
Против Војводина ќе мораме да
играме добро во напад, зашто тие имаат добри центри и се брзи во контра. Добро
е што ќе имаме силни натпревари пред дуелот со Монпелје, и сакаме да одиме
чекор по чекор.
Филип Лазаров,
играч на Вардар:
Ова е официјален старт на
новата сезона против Војводина. Нормално е на сите натпревари на домашен терен
да одиме на победа, па така ќе биде и утре. Ја гледавме Војводина на првиот меч
со Струмица. Сите екипи се желни за докажување, особено на самиот почеток од
сезоната. Треба да бидеме претпазливи, и во ритам во кој игравме досега. Се
надевам дека уште долго време ќе имаме добри резултати.
Никола Марковиќ,
тренер на Војводина:
Според мене, Вардар е меѓу
четирите најдобри екипи во Европа. Нам ни претстои многу тежок натпревар.
Веднаш по натпреварот против Макс Струмица заминуваме за Скопје. Имаме само
еден ден за одмор. Ќе видиме дали ќе имаме измени во екипата. Наш приоритет не
е резултат, туку подобрување на формата пред натпреварите во Лигата на
шампионите.
Зоран Николиќ,
играч на Војводина:
Голем е предизвикот да се
игра против Вардар. Тоа е врвна екипа. Ќе дадеме се од себе. Ќе се бориме, но
мораме да бидеме реални. Вардар е апсолутен фаворит.