Macedonian champions Vardar have opened SEHA Gazprom season in a very convincing and dominant way with an easy 37:27 (18:8) victory.
Goalkeeper Arpad Šterbik was the "man of the match" with 16 saves, twice as much as Vojvodina's players.
Attack was remarkable scoring 18 goals in first half and the defence looked bulletproof in 5-1 zone with Dibirov or Manaskov as forward and duo Marsenić-Maqueda behind them with Vardar's advantage slowly rising.
Vardar's coach Raul Gonzalez was given a chance to change, combine and experiment giving all players except absent Lacković, Brumen and Angelov a chance.
Timur Dibirov was home team's best player with 6 goals, Manaskov added 5, Shishkarev 4. Orbović scored 8 for Vojvodina.
The next challenge for Vardar is Maks Strumica, on Saturday, and on Sunday Vojvodina will host Nexe.
Raul Gonzalez, Vardar’s coach:
Vojvodina played well, they have a good coach and a good team. We played great in the first half and Arpad was excellent. We've had great 5-1 zone and good fast breaks. Nevertheless, in the second we had little troubles. We've tried to change players, changed zone to 6-0, but did not play as we wanted.
Luka Cindrić, Vardar’s player:
I am glad that webwere able to open the match well. Later they have started playing well but we've showed ozr form is rising for EHF's CL.
Nikola Marković, Vojvodina’s coach:
I think this match for Vardar was an easier training, which represents honour for us. I've had an idea to start with a combined lineup in such a nice setting, hoping that if they could score goals against Arpad Šterbik then they can against others. However it was obvious that we have problems, and this schedule is busy. We have 16 players and they all have to be fully prepared.
Miloš Orbović, Vojvodina’s players:
I congratulate Vardar, they've proced to be among best teams in Europe.We have had a tough schedule, first tournament in Doboj and then Strumica. Our goal is to fight in every match but Vardar are much stronger.
Македонскиот
првак на убедлив и доминантен начин ја почна сезоната во СЕХА Газпром лигата со
"лесен" триумф против Војводина, 37-27 (18-8), пред се благодарение на
извонредното прво полувреме.
Голманот
Арпад Штербик беше виновникот за десетте гола предност на "црвено-црните",
бидејќи тој имаше вкупно 16 одбрани, двојно повеќе отколку што голови постигнаа
играчите на Војводина. Тоа беше клучниот период, кога се беше решено. Штербик
имаше 16 одбрани од 24 упатени топки, а Вардар реализираше 18 од вкупмп 24
напади.
Одбраната на Вардар делуваше непробојно со зона 5-1, со
Дибиров, или Манасков како истурен играч напред, а одзади се чувствува новата
сигурност која ја носат корпулентните Марсениќ, или Македа, без разлика кој
добива шанса. Војводина се држеше само во првите 10 минути, дури и водеше о 4-3
дотогаш, но затоа во следните 10 минути постигна само два гола, а прими девет
гола.
Во вториот дел шанса на голот доби Градимир Чаневски и
веднаш се почувствува разликата, иако и тој беше натпросечен и до крајот на
мечот собра осум одбрани. Сепак, предноста на Вардар од највисоки 11 разлика
(24-13 и 25-14), падна на 30-24 во 51. Минута. Тренерот на Вардар, Раул
Гонзалес менуваше, комбинираше и експериментираше и ги разигра сите во отсуство
на Блаженко Лацковиќ, Матјаж Брумен и Петар Ангелов.
Најдобра шутерска вечер имаа крилата, Тимур Дибиров кој
постигна шест гола, Дејан Манасков даде, а Данил Шишкарев реализираше четири
пати. Кај Војводина, Милош Обровиќ постигна осум гола.
Следниот предизвик за Вардар е Макс Струмица, в сабота во
Скопје, а Војводина во недела е домаќин на Нексе.
Раул
Гонзалез - тренер на Вардар
Војводина
играше добро, имаат добар тренер и добар тим. Игравме одлично во првото
полувреме, а Арпад беше одличен. Имавме 5-1 зона и добар контра напад. Сепак
потоа во вториот дел имавме малку проблеми. Пробавме да смениме играчи,
сменивме и зона 6-0, но не одигравме како што сакаме.
Лука
Циндирќ - играч на Вардар
Драго
ми е што отворивме добро, иако кон крајот на натпреварот Војводина го покажа
своето лице. Нам ни останува да продолжиме во ова темпо и да ја креваме формата
за Лигата на шампионите.
Никола
Марковиќ - тренер на Војводина
Мислам
дека за Вардар овој натпревар беше еден полесен тренинг, што ни преставува
чест. Јас имав идеја да почнеме со една комбинирана постава во вака убав
амбиент, надевајќи се дека ако можат да се носат со Вардар и да му даваат
голови на Арпад Штербик тогаш сигурно ќе можат против другите. Сепак се виде
дека имаме проблеми, а овој распоред е напорен, имаме натпревари во ритам
сабота - среда - сабота - среда, а ние имаме 16 играчи и мора сите да бидат
максимално подготвени.
Милош
Орбовиќ - играч на Војводина
Му
честитам на Вардар за победата, покажаа дека се едни од најдобрите во Европа.
Имаме тежок распоред, прво турнир во Добој, па во Струмица, но дадовме максимум
и ете, тоа беше резултатот и уште еднаш покажаа дека се класа.