At the end
of the game it looked like guests from Skopje
had no problems, but they were forced
to push and play even harder than expected to reach the second triumph of
the season in SEHA Gazprom
League, 35-26 against Maks Strumica in first Macedonian derby.
Vardar were
constantly in front with Maks being only a few steps begind them. Unlike in the
last season Strumica did not allow Vardar to enlarge the goal difference to
double digits.
Maks Strumica players were very motivated
against favorites who played without Alex Dujshebaev,Sergei Gorbok and Petar
Angelov.
Vardar have
managed to decide the match in the beginning of the second half making 3:0 and
rising the difference to +7.
Home team's
goalkeeper Trajkovski was one of their best players finishing the match with 16
saves and being probably one of most important reasons why Vardar did not
decide the match in its earlier phase.
Dejan
Pecakovski was most effective with seven goals, Mladenovski and Chaturija have
added 5 each and Dibirov was on the other side leadig Vardar with 6
goals.
In the next
game Vardar will host
NEXE on Wednesday, and Maks Strumica will play one more game in Strumica on September 11,
versus Meshkov.
Marjan
Andonov, Maks Strumica’s coach:
Congratulations
to the team of Vardar. Vardar is Vardar!
We've played very well, but the quality of Vardar was the key to victory.
Mirko Majić, Maks Strumica’s player:
It gives me
great pleasure that I am member
of Maks Strumica. I am proud of my teammates and our performance on this game and
hope in next matches we'll play better and
better.
Raul
Gonzales, Vardar’s coach:
I want to
congratulate the team of Strumica as they played a good match. In the
beginning we had problems with defense and pivot. In the second half
they got a bit tired, we've played better and decided the match.
Dejan
Manaskov, Vardar’s player:
We've
started badly, and had problems in attack and in defense. Once we managed to
reduce technical mistakes it was different - We played better and finally won.
На
крајот од натпреварот изгледа како гостите од Скопје да немале проблеми, но
Вардар мораше малку да се помачи за да стигне до вториот триумф сезонава во
СЕХА Газпром лигата, 35-26 против Макс Струмица во македонското дерби.
Вардар
постојано имаше водство, а Макс Струмица постојано му "дишеше во врат" на
македонскиот првак. За разлика од минатосезонските
натпревари од домашното првенство, Макс Струмица, овој пат не се посрамоти од
Вардар и во ниту еден момент не дозволи да губи со двоцифрена разлика.
Ракометарите на Макс Струмица беа максимално мотивирани
против фаворитот, кој допатува без Алекс Душебаев, Сергеј Горбок и Петар
Ангелов.
Иако уште на полувреме беше јасно дека Вардар создаде
предност која ќе значи победа (15-11), домаќините не се предаваа и даваа отпор
колку што можеа. Во второто полувреме Вардар отвори со серија од 3-0, за
водство од 18-11, а потоа првпат на мечот стигна и до максималните девет
разлика, со 28-19 во 50. минута.
Домаќините во игра ги одржуваше извонредниот Благојче
Трајковски кој го заврши мечот со 16 одбрани, од нив еден пенал и неколку
контри и чисти ситуации за гол. Токму поради него беше неизвесно на стартот од
мечот, кога Вардар чекаше цели 20 минути за првпат да поведе со три разлика,
9-6.
Дури и потоа Макс Струмица се врати на 10-11, но оттука
тргна серијата од 4-0, која го реши мечот. Дејан Пецаковски беше најефикасен со
седум гола, по пет постигнаа Јовица Младеновски и Реваз Чантурија, додека кај
Вардар Тимур Дибиров предводеше со шест гола.
Во следниот натпревар Вардар е домаќин на Нексе во среда,
а Макс Струмица го пречекува Мешков на 11 септември.
Марјан
Андонов - тренер на Макс Струмица
Честитки за екипата на Вардар. Вардар е Вардар! Ние одигравме многу добро и
борбено, но квалитетот на Вардар беше клучен за победата. Им честитам на моите
играчи за борбеноста, и верувам дека на сите следни натпревари ќе бидеме уште
подобри.
Мирко
Мајиќ - играч на Макс Струмица:
Големо задоволство ми е што сум во Макс Струмица. Горд сум на соиграчите за
прикажаната игра и се надевам дека со текот на времето ќе играме се подобро
Раул
Гонзалес - тренер на Вардар
Сакам да и честитам на екипата на Струмица бидејќи одигра добар натпревар. Во
почетокот имавме проблеми со одбраната и пикерот, како и со нападот, откако
создадовме четири голови предност кон крајот на првиот дел игравме полесно. Во
второто полувреме ракометарите на Струмица делуваа уморно, а ние одигравме
подобро и преку контра напади го одлучивме натпреварот.
Дејан
Манасков - ракометар на Вардар
Лошо го почнавме натпреварот, и имавме проблеми и во напад и во одбрана. Откако
успеавме да ги намалиме техничките грешки обезбедивме мала предност на полувреме,
а потоа се беше поинаку. Игравме подобро и на крај ја победивме екипата на
Струмица.