Strumica with the buzzer beater to win the point against Borac
Макс Струмица освои бод во последните секунди
23.09.2015.
•
SEHA GAZPROM LEAGUE
Borac players can regret missed opportunity to return home with the victory from Strumica with home team scoring in last seconds over Jovica Mladenovski for 30:30 in SEHA Gazprom League match. This was Maks' second draw this season after the home one against Vojvodina leaving both teams on League's bottom.
Interesting is that three minutes to the end Borac was ahead 30:27, and many thought guests will celebrate. However Aleksander Boseovski scored twice in a row givinf Mladenovski a chance to delight fans in final moments.
Revaz Chanturija scored 13 goals for Maks Strumica, and Davorin Vujović scored 6 for Borac.
Marjan Andonov, Maks Strumica’s coach:
We expected an uncertain match. I said today that a team which makes less mistakes and it is exactly what happened. We had lot of mistakes in the game but in the end we've also had a bit of luck scoring three in a row. That's sport.
Stefan Čizmović, Maks Strumica’s player:
It was an interesting game. In last 15 seconds they were not concentrated, and I managed to take away the ball,and fortunately achieve a goal in the last seconds. We experienced similar situation on a duel with Vojvodina, and I know how they feel. I am satisfied with the result, this is a great point.
Aleksander Medjedović, Borac’s coach:
We had control over the result mainly in the second half. We've made some mistakes and allowed rival to earn a point. They did not surrender until the end and finally got a point.
Boris Šekarić, Borac’s player:
We expected a tough match, especially after Strumica' two defeats. We had three goal advantage, two minutes before the end. I do not know what happened. We had 15 seconds and a time out, but failed to take all 3 points.
Ракометарите
на Борац можат само да жалат за пропуштената шанса да се вратат со победа од
Струмица, а домаќините со голот на Јовица Младеновски во последната секунда
израмнија на 30-30. Вторпат сезонава Макс Струмица игра ваков неизвесен
натпревар, а слично беше во првото коло кога примија гол во последната секунда
на мечот со Војводина.
Двете
екипи остануваа на последните две места на табелата. Макс Струмица има два бода
од шест одиграни натпревари, а Борац го освои првиот бод сезонава во вториот
натпревар.
На
три минути до крај на средбата Борац имаше водство од 30-27 и многумина мислеа
дека гостите на крајот ќе се радуваат. Но, Александар Босеовски постигна два
гола по ред. Последните 15 секунди во напад беше Борац. На тајм аут се
договорија како да играат, но само што тргнаа, после неколку секунди ја
загубија топката. Стефан Чизмовиќ го пронајде Јовица Младеновски во нападот кој
погоди во последната секунда.
За
разлика од првото полувреме каде беше неизвесно, во второто полувреме Борац
успеа да се одлепи резултатски на 2-3 гола, но Макс Струмица секогаш
возвраќаше.
Крилото
Реваз Чантурија постигна 13 гола за Макс Струмица, а Даворин Вујовиќ постигна
шест гола за Борац.
Марјан
Андонов - тренер на Макс Струмица
Очекувавме
неизвесен натпревар. Ние и Борац се рамноправни тимови. Реков дека ќе победи
онаа екипа што ќе направи помалку грешки. Ние имавме многу грешки во играта, и
одбиените топките се враќаа кај противникот. На крај добивме, тие водеа со три
гола, но спорт е спорт, и се игра до крај. Очекував од екипата по двата слаби
резултати да се врати во живот, и задоволен сум во мала рака од прикажаното.
Стефан
Чизмовиќ - играч на Макс Струмица
Беше
интересен натпревар, пред се резултатски. И тие, и ние водевме. Тие во
последните 15 секунди не беа концентрирани, јас успеав да ја одземам топката и
ја имавме таа среќа да постигнеме гол во последни секунди. Тоа ние го
доживеавме на дуелот со Војводина, и знам како се чувствуваат. Задоволен сум со
резултатот, ова е голем бод.
Александар
Меѓедовиќ - тренер на Борац
Имавме
контрола над резултатот во главно во второто полувреме. Со некои грешки и им
овозможивме да освојат бод. Не се предаваа до крај
Борис
Шекариќ - играч на Борац
Очекувавме
тежок натпревар, особено по двата порази на Струмица. Имавме на две минути пред
крај предност од три гола. Не знам што се случи. Имавме 15 секунди и тајм аут,
но не успеавме.