Macedonian SEHA Gazprom league duel
between Vardar and Maks Strumica is not covered with uncertainty with Vardar
being clear favorites.
Vardar is currently fifth on the table,
but with ambitions to climb much higher, and Maks Strumica so far have just two
points and are still winless. This makes the game more than clear considering current
form of the teams and players’ performances.
Although a series of three consecutive
defeats in recent matches, this is for Vardar the game which should restore
confidence winning points and to returning to the top of the table in SEHA
Gazprom League.
Maks Strumica will enter the match
weakened for three players: Dejan Pecakovski, Jovica Mladenovski and Mirko
Majič who left the club. Anyway "thin bench" of Strumica will now be
even more challenging for coach Marjan Andonov to find a way to compete against
Macedonian’s best.
Raul
Gonzalez , Vardar’s coach:
"We need to win three points, because at
the moment we are on the 5th place and if we want to qualify to SEHA Gazprom F4
tournament we have to win. In fact, we have many injured players and we still do
not know who will play against Strumica, but this afternoon we have training
and we will check the situation with our injuries. For us it is very important
to play well, because against Kielce in EHF Champions League game our attack
wasn’t as we wanted and tomorrow it must be corrected. We have to play serious
game and give our maximum in this match.
Mijajlo
Marsenić, Vardar’s player:
Tomorrow’ game against Strumica comes
after three defeats in the EHF Champions League. We have to use this SEHA
Gazprom game like preparation before another match in the Champions League
against Kolding. We have to use it as an opportunity to gain back our self-confidence,
which was little bit distorted in this period. Therefore we have to play well
and win before the match against Kolding.
Marjan
Andonov, Maks Strumica’s coach:
Vardar are absolute favorites especially
considering our roster problems which we’re expecting to end soon. We have to
try to adopt some new players into the system by February. Once again, Vardar
are clear favorites.
Zlatko
Vezenkovski, Maks Strumica’s player:
We know that Vardar is strong team which
competes in EHF Champions League and is fighting for the first place in the
group. We are weakened, without classic left back and shooters. We’ll play
without pressure, we will do our best, and nothing more to expect from this
game. Only thing we can get is experience.
Македонскиот дуел во СЕХА Газпром лигата меѓу Вардар и Макс Струмица би можел да биде најнеинтересниот од постоењето на Лигата, бидејќи домаќините од Скопје се апсолутни фаворити.
Вардар моментно е на петтото место на табелата, но со амбиции да се искачи многу повисоко, а Макс Струмица е претпоследна, и со само два бода, и без победа. Тоа го прави натпреварот и повеќе од извесен, со оглед на моментната форма на екипите и силата на играчкиот кадар.
Иако имаат серија од три порази по ред во последните натпревари, за Вардар ова е натпревар во кој треба да ја врати самодовербата, да ги освои бодовите и да се врати во самиот врв на табелата во СЕХА Газпром лигата. На првиот натпревар Вардар победи со 35-26.
Макс Струмица во овој натпреварот влегува ослабен за тројца играчи, Дејан Пецаковски, Јовица Младеновски и Мирко Мајиќ кои заминаа. Ионака "тенката клупа" на Струмица сега ќе биде уште поголем предизвик за тренерот Марјан Андонов да најде начин да се спротивстави на шампионот.
Раул Гонзалез - тренер на Вардар
Мораме да ги освоиме трите бода, бидејќи во моментов сме на 5 место и доколку сакаме да се квалификуваме за Ф4 турнирот мораме да победиме. Имаме доста проблеми со повреди на играчи, и се уште не знаеме кој ќе игра против Макс Струмица, но попладнево имаме тренинг и ќе провериме кај играчите како е здравствениот билтен. За нас е особено важно добро да играме, бидејќи против Киелце во ЛШ нашиот напад не беше онаков каков што сакавме, и утре тоа треба да го подобриме. Мораме да играме сериозно и да го дадеме максимумот.
Михајло Марсениќ - играч на Вардар
Утрешниот натпревар против Струмица доаѓа по наши три порази во Лигата на шампионите. Мораме да го искористиме овој натпревар како подготовка за следниот натпревар против Колдинг. Ова е можност да ја вратиме самодовербата, која е малку разнишана во овој период. Поради тоа мораме да играме добро и да победиме во овој натпревар против Струмица.
Марјан Андонов - тренер на Макс Струмица
"Искрено да кажам за натпреварот со Вардар, домаќинот е апсолутен фаворит, а ние имавме проблеми со кризата што не зафати, а која очекуваме да се надмине набрзо. Имаме промени во тимот, а тројца играчи го напуштија клубот, меѓутоа нас ни преостанува да ги одиграме преостанатите натпревари и од февруари да настапиме со друг тим. Ќе играме спортски, ќе се натпреваруваме, но пак ќе речам дека Вардар за мене утре е апсолутен фаворит.
Златко Везенковски - играч на Макс Струмица
Знаеме кој е Вардар и каде котира во Лига на шампиони и се бори за првото место во групата. Ние сме ослабени, немаме класичен лев бек и шутери. Играме без притисок, ќе дадеме се од себе, нема што повеќе да очекуваме од тој натпревар, само може да добиеме големо искуство.